Киборзи, човек против машина, вонземјани, приказни полни со клишеа, евтини сценарија и ефекти, просечна до лоша глума, одлична музика, купишта акција, згодни девојки и заебан мајкоебач со огнено оружје, фраерски one line-ри и ништо вредно за губење... Состојките за совршен акционен SF (Б продукција) во почетокот на деведесетите или крајот на осумдесетите години. Иако поголемиот број од овие филмови, инспирацијата ја црпеле од
Mad Max, The Terminator или
Blade Runner, понекогаш може да се најде и нешто оргинално, но не е тоа поентата. Вредноста и убавината на овие филмови е поинаква.
Периодов си ја збогатив мојата колекција на вакви стари филмови и се осеќам ко да ми ги донирале од видеотека, зошто некои се VHS рипови (не се издадени на DVD), а други се DVD, но со послаб квалитет. Повеќето што ги земав, ги имам порано гледано на телевизија, некои едвај ги памтам, а некои видов дека сум ги гледал откако ги мотав да видам каква е снимката. Третите би биле филмовите што повеќето добро ги знаат, не се баш Б продукција, но жанровски можат да се носат со овие кои следат подолу. Имам многу да пишувам на темава, па ќе почнам со филмови што ги имам гледано повеќе пати порано на телевизија, а верувам дека и повеќето ги знаат.
Screamers (1995) Еден од моите омилени филмови од детството е дефинитивно Screamers. Одамна го немам начекано на телевизија и сум среќен што конечно го најдов да го симнам. Значи, ги содржи сите елементи што се набројани на почетокот горе. Мала група на луѓе, се обидува да преживее на планета во пост-воен период каде што меѓу другото, користени се интелегентни роботи кои развиле наква-таква свест, за да можат самите да еволуираат и да се надоградуваат. Верзиите се од мали и брзи машини што се движат под земја, до оперативци со напредно развиена вештачка интелегенција. Во главната улога е
Питер Вилер, познат како
Алекс Марфи/Робокап. Screamers е совршениот акционен СФ, класи над филмовите во жанрот, за жал многу потценет иако може да се носи со високобуџетни филмови како
The Thing. Сценарист на филмот е
Ден О’Бенон, типот што ги има напишано
Alien и
Total Recall. Доволно?
Trancers (1985) Бев речиси сигурен дека го немам гледано, се додека не ги изгледав првите неколку минути. Комплетно го имав заборавено филмов! Главниот лик е Џек Дет, полицаец од 2200 и некоја, и лови “трансери” (да, знам како звучи), зомбифицирани жртви на криминалецот Вислер. Дет се обидува да го фати и Вислер кој се вратил во минатото (1980 и некоја) преку најоргиналниот начин за патување низ времето што сум го видел на филм. Во времето на Џек Дет, постои машина што може да те врати во телото на твој предок со послаб ум. Оргинално, нели? А, тек часовниците кои може да го успорат времето за неколку секунди. Trancers има шест продолженија и се надевам дека ќе ги гледам во скоро време.
Nemesis (1993) Nemesis го памтев, но никогаш не успеав да дознаам како се вика, па порано дури и мислев дека е некое продолжение на Cyborg. Во дистописки свет, каде што киборзите се секојдневна појава, а и кибернетските замени за делови од човечкото тело, постои и терористичка организација која се бори баш против овие работи.
Оливиер Грунер е во главна улога, типов е закон и игра се во вакви филмови. Тука го глуми Алекс, бивши полицаец, повеќе машина отколку човек што убива се што ќе му излезе на патот, додека го мачат комплексни прашања за постоењето на човекот и она што го дефинира како таков. Иако со некои вакви детали во приказната, делува како повеќе од Б-филм, но како што е Алекс повеќе машина одошто човек, така и Nemesis и повеќе Б-филм и тоа еден од најдобрите што сум ги гледал. Го обожавам секој момент, од почетокот до крајот е прекрасно доживување, динамично се одвива и има језива сајберпанк атмосфера. Школски пример за Б-филм.
За почеток, нека бидат овие три. Викендов имам уште неколку на листата за гледање, па ќе следи и нова тројка.