За три недели е pre-release-от на новата Magic: The Gathering едиција, Shadowmoor. Супер си поминав на минатиот pre-release за Morningtide, па знам дека ќе биде забавно и сега.
Shadowmoor е нов блок, ќе биде составен од две едиции (Shadowmoor и Eventide). Приказната е поврзана со приказната од минатиот блок, Lorwyn, со тоа што е сосема спротивна од идиличниот и хармоничен свет во кој беше сместена таа приказна. Во приказната на Morningtide (вториот дел од Lorwyn блокот) се случува нешто, што го порметува целиот Лорвин и се станува спротивно. Значи, колку што беше убав Lorwyn, толку Shadowmoor ќе биде грд и мрачен. Нема веќе расцветани полиња и среќни елфови. Како што беше најавната парола пред некој месец, 'darkness falls upon Magic: The Gathering'...
На линков има објаснување што ќе се случува во Shadowmoor со расите кои беа застапени во Lorwyn, и што може да очекуваме.
Толку за приказната. Денес се појавија и нови карти (имаше пред тоа мал preview) кои ќе ги има во новава едиција. Некои од нив ете ги на сликата погоре, а за останатите тука. Како што е правилото, секоја нова едиција носи некои новости во играњето, така да за првпат во историјата на Magic, ќе има abillity кое се активира со untap. Исто така, интересно е дека се враќа и хибридната мана што ја имаше во Ravnica блокот. Од тоа што го видов до сега, едиција ќе биде феноменална.
Цртежите се најдоброто нешто што до сега сум го видел во Magic. Не верувам дека некогаш имало подобри цртежи. Изгледаат како Todd McFarlane да мешал прсти.
Едвај чекам да дојде 19-20.4, и да го отворам првиот Shadowmoor бустер со нови карти.