December 13, 2009

Heroes of Might and Magic викенд

Нели, World of Warcraft? Не. Серверот е нешто сјебан, плус сум пред пензија, full epic, пројдени инстанци и презаситеност за периодов...

Играм Heroes of Might and Magic V од вчера. Ми требаше нешто вакво, што ќе бара од мене да кликам со една рака, без многу замарање. Плус, визуелно ги обожавам Heroes of Might and Magic игрите (играм од тројката па навака, заедно со Chronicles серијалот, од време на време), такви се шарени, да ти е ќеиф да кликаш. Почнав со првата кампања, негде сум до четвртата мисија. Во споредба со претходните игри, петкава е значително полесна, имаш армија сељаци на секој чекор, брзо левелирање, бафови, ресурси и што уште не.

Графиката е далеку подобра, ротирачка камера, 3D, многу детали, подобра анимација на борбите, ама па затоа единиците и суштествата се премногу еднолични што на моменти знае да скурчи. Незнам колку различни единици има, видов неколку, веројатно има доволно по фракција. Интересен е и книгата со магии, само што не успеав уште да се снабдам со доволно магии. Приказната сега нема да ја коментирам, зошто уште сум на почеток.

Зошто сум релативно слободен периодов, планирам да ја завршам оваа ако не ми скурчи пред тоа, па да ги грабнам експанзиите.

December 11, 2009

Family Guy: Something, Something, Something Dark Side

Денес низ warez мрежата се појави целосна, нецензурирана верзија на новата Family Guy пародија на Star Wars, Something, Something, Something Dark Side која официјално треба да излезе за две недели. Само што ја изгледав и саат време не прекинав да се смеам. Колку пати треба да повторам дека Сет МекФарлејн е гениј? Не престана да се надминува себе и не знам до каде би можел да оди.

Новата пародија е феноменална и ми се свиѓа повеќе од Blue Harvest, затоа што нели, The Empire Strikes Back го сметам за омилен од оргиналната трилогија. Ваква пародија на овој филм, немало до сега, а нема ни да има, бидејќи ова го движат ликови од најдобрата хумористична цртана серија која моментално се прикажува.

МекФарлејн знае како да ги искомбинира карактеристиките на неговите ликови со оние на Лукас и може секоја сцена од Star Wars да ја претстави како дел од Family Guy универзумот. Хан Соло е уште покул кога го 'глуми' Питер. ("I love you. - Fuck off.") Палпатин е татко и на Лоис, Картер Пјутершмит, Џиновската кокошка е Боба Фет, па веќе може да се претпостави каква сцена не очекува во следната пародија.

Скроз забегани моменти, ако почнам да ги двојам ќе треба да го раскажам целото. Има куп ситници ради кои плукав кафе од смеење, аплаудирав ко кретен и враќав сцени. Крајот најмногу ме изненади, делува како МекФарлејн да спрема пародија на уште една култна трилогија. Океј, немора да значи, меѓутоа кревам две раце "за".

We Have A Bad Feeling About This ќе биде последната пародија, на Return of the Jedi и треба да се појави на пролет.

December 9, 2009

World of Warcraft: The Comic

World of Warcraft универзумот е доволно голем, за приказната од играта да може да се прераскаже преку стрипови, книги, филмови, па дури и серија. За филмот ќе почекаме уште некоја година, најавен е уште одамна.

Компанијата Wildstorm, дел од DC Comics во ноември 2007 почнува со издавање на World of Warcraft: The Comic. Приказната почнува со човек кој се буди на бреговите на Калимдор, без никакво сеќавање за себе или како стигнал таму каде што е. Заедно со двајца Елфови (Најт Елф и Блад Елф) е заробен од Орките со цел да се натреварува во гладијаторските арени. Членовите на тимот се борат за сопствените животи, како и за златото на Орките-господари кои ги држат во заробеништво. По извојувана победа против друг тим кој важи за еден од најагресвните, главните ликови решаваат да побегнат и Ло'гош (човекот кој по победата ќе се стекне со ова престижно име/титула) конечно да дознае кој е и од каде е, за подоцна да се испостави дека е всушност изгубениот крал на Стормвинд.

Приказната се протега низ повеќе клучни и добро познати региони во играта, се појавуваат сите главни раси и повеќето од класите, како и некои ликови што веќе ги знаеме. Пристуни се и елементите што ги прават класите карактеристични, од опрема па се до магии, маунтови и што уште не. Што значи дека стрипот комплетно ги користи оргомните ресурси што играта ги нуди за создавање на една добра приказна. И не ме чуди што World of Warcraft: The Comic функционира толку совршено. Нормално, наменет е за фанови кои се запознаени со играта, но не е којзнае колку понеинтересен и за останатата публика.

Спакував 22 броја во две архиви, може да се симнат од тука и од тука. Ќе ги ставам и другите неколку, до сега излегоа 25.

December 8, 2009

FlashForward на пауза до 2010

По емитувани десет епизоди, FlashForward заминува на пауза до март следната година. ABC како причина за прекинот, ги наведуваат Зимските Олимписки Игри, поради кои и последната епизода на Lost ќе биде прекината.

Серијата не е лоша, само што некако си мислам дека нема да трае многу. Добро е тоа што е многу подинамична во споредба со Lost и бар за сега, не се расфрлаат со мистерии за кои ќе треба да пројдат неколку сезони за да бидат објаснети. FlashForward веќе завзема некаква форма и тек по кој ќе се движат настаните, па се надевам дека во иднина нема да ги искомплицираат работите. Значи, сфативме дека самиот 'флешфорвардот' директно влијае на иднината кои луѓето ја видоа шест месеци од блекаутот. Знаеме и кој го предизвикал, остана уште разоткривањето на целиот заговор и причините, па ете материјал за уште неколку сезони.

FlashForward ми има еден голем проблем. Ликовите ми се некако неубедливи, па тешко е да ти е гајле за нив. Не ме интересира ни кој ќе умре, ни дали ќе умре и што ќе се случи. Дури и пресвртот во последнава епизода не ме потресе којзнае колку. Можеби дека пребргу ги објаснуваат работите, или па уште не се случил вистинскиот пресврт. Имаат време до март да пробуваат различни ствари, други и ликови и да набацат нешто плус во приказната. Вака е празно, а тоа што го има не е доволно за серија од ваков тип.

December 4, 2009

Назад на Digg

После долго време, се враќам активно на Digg. Го користев активно порано, секогаш кога имав уклучено Фајрфокс, ми дремеше Digg во позадина... нешто како што сега е случај со Facebook. За жал.

Од тоа киснење на Digg, денес ми останаа куп сајтови што ги следам секојдневно, а сајтот го отварав многу поретко, додека во позадина ми беше Facebook со корисни информации за тоа кој, како и кога прднал и во колку саат, проследено со лајкови и коментари колку далеку се слушнало. Факт е дека Facebook го смени интернетот, и неоспорно е тоа дека е корисен, и мене ми е, особено за информирање за настани и слично. Facebook не е во никој случај лош, супер е од главната идеја до техничката реализација, затоа и привлече толкав број корисници, кои денес создаваат лоша слика за сервисот.

Сега на Digg си направив и нов акаунт, има големи подобрувања од последнот пат кога бев логиран, сега ќе си го спастрам убаво.

За тие што не се во тек, Digg е сервис на кој корисниците споделуваат линкови (новости, статии, видеа и слично). Секој момент има нешто ново, а најгласаните се објавуваат на почетната страна. Digg денес слави пет години постоење.

November 30, 2009

Saw VI (2009)

Изминатиов месец се изначитав позитивни рецензии за последниов Saw, па дури и имав некаква надеж дека ќе бидам позитивно изненаден. Не. На исто ниво е со претходните два, со исклучок на моменти кои се за нијанса поинтересни. Приказната не напредува воопшто, без разлика колку и да форсираат. Веќе ми се излитени сите тие морални дилеми и жртвување за нечиј живот да биде спасен. Првиот дел одлично си функционираше, се после тоа беше рециклирање на оргиналната идеја и тупење до бескрај.

Знаеме кој ја продолжи просветлувачката мисија на Џон Крејмер уште во четвртиот дел, а за жал, знаеме и кој ќе тера понатаму за уште седумнаесет продолженија, без пардон. Пак ќе кажам, доколку имаа во план да тераат со вадење на нов филм секоја година, не требаше да го убијат клучниот лик толку рано. Навраќање со флешбеци и тајни касети што никнуваат во секој дел, кај мене не проаѓа. Мислам, океј, еднаш го направија, сфаќам, ама до кога ќе тераат вака? Испадна дека Џон Крејмер уби повеќе луѓе откако умре.

Приказната е хаотична, ја заплеткаа беспотребно. Стапиците не ги коментирам, секогаш им се добри, што не значи дека го прават и филмот добар. Дали решиле да заштедат на продукција, не знам, ама филмов е делува како нискобуџетен B-филм со катастрофални актери, на пример, во сцената со рингишпилот. Е, тоа беше претерано, и ако потраеше уште минута повеќе, ќе мотнев напред. Крајот не ме изненади, уште кога се појави жена му на Крејмер, знаев што е муабетот и како ќе заврши. Не се ни трудат веќе.

Нормално, следната година ќе има нов дел, почнува со снимање за некој месец. Продуцентите велат дека имало шанси да биде последен, зошто Saw VI не прошол добро на бокс-офисот. Држам среќа да биде последен...

November 29, 2009

World of Warcraft викенд: Оргримар рејд

Со 80 левел, покрај лутањето низ Нортренд, ми останува да играм инстанци, battlegrounds, арена и рејдови на главни градови на непријателската фракција. Инстанците не ми се нешто посебно интересни за играње, ама се добри за тимска игра, опрема и злато. Battlegrounds почнав скоро да играм, е тоа е далеку подобро, има тимска игра, стретегии и млатење до бесконечност. За арена ми треба добар тим, а таков немам.

Останува рејдањето на главните градови на Хордашките раси, како најинтересен елемент од играта за 80-ти левел. Вчера се собравме околу 50-тина луѓе и тргнавме накај Оргримар. Е, ова најмногу ќеиф ми прави. Сум приметил дека на серверов Хордата е далеку понеорганизирана што вообичаено не е случај, па се лесни за тепање. Во Алијанса има стварно добри играчи, искусни лидери што одлично се справуваат со понеискусните играчи во групата. А, треба добар лидер за да организира толку луѓе. Има и такви што кога се рејда групно и потребна е добра организација, трчаат напред први да удрат и најчесто први и гинат.

Интересно е, понекогаш е "не глеам кај маам" кога гледаш само гужва и мешаница од црвени и зелени имиња на играчи и гилдови. Оргримар е интересен за рејдање, зошто по пат до таму, има уште неколку места кои може да се опустошат. Би платил некад за WoW, само за да не падне серверот дур влагаш во градот откако си убил се пред влезот...

November 26, 2009

2012 (2009)

Го гледав вчера во Рамстор. Арно што го донесоа, зошто немав намера да го гледам на лоша кино снимка, а ми се гледаше. Искрено, мене филмов супер ме извозе, после напорен ден ми дојде одлично за исклучување. Се внесов скроз тие два и кусур саата. Ефекти лудница, можеби и најдобрите што сум ги видел до сега, приказната никаква, сценариото шутро - значи, се испадна како што очекував. 2012 се плука беспотребно. 
 
Не знам што очекуваа тие што се разочарани од филмов. Филмовите со глобални катастрофи се вакви и ефектите имаат приритет. Претерување има, намерно е, па сцената кога бегаат со колата и авионот воопшто не ме изненади. Али, нека дојде нека се пробие така низ гужвана Рекорд или Бит-Пазар у 4 саат попладне... 
 
Ликовите се тие, клишеизирани до максимум, ама мора да има таква упорна фамилија што ќе им пркоси на законите на физиката, ќе лета со авион меѓу згради, ќе преживува вулкански ерупции и ќе се санка со Бентли. Мора. Претседателот, нормално, мора е црнец, а Дени Гловер ептен легна за улогата. 
 
Од сите слични филмови, можам да го издвојам за фаворит, зошто за ова ми се пресудни ефектите. Горе-доле сите се со истата приказна, раскажана преку херојската фамилија, секогаш ги гледаме уништени истите градови и сите имаат хепиенд, т.е. среќа во несреќа. Налет среќата што си преживеал кога 98% од луѓето што ги познаваш се мртви и плус тоа немаш ништо освен облеката што моментално ја носиш. Планираат серија која ќе ја продолжи приказната на филмов, со група на преживеани и ќе се случува во 2013. Не верувам дека ќе го гледам тоа.

November 25, 2009

Inglourious Basterds (2009)

Некако знаев дека Тарантино ќе се извади за ѓубрето од Grindhouse. Сериозно, го памти некој уште тоа? Така и си мислев. Тарантино е назад, со извонредна приказна за мала бунтовничка група во окупирана Франција за време на Втората светска војна, која убива нацисти. Групата ја предводи Алдо Рејн (феноменална улога на Бред Пит), се нарекуваат себе "the inglourious basterds" и не покажуваат милост кон непријателот.

Филмот отвара со напорен германски офицер кој е експерт за наоѓање скриени Евреи. Кристоф Волц е совршен за улогата, ликот е супер осмислен само што некако Тарантино зар'ѓал кога станува збор за пишување на дијалози кои се памтат. Некако вниманието е повеќе свртено на развојот на самата сцена, отколку дијалогот. Немам намера да го споредувам Inglourious Basterds со Pulp Fiction и знам дека сцената во вториов филм со Кристофер Вокен е неповторлива, но некако очекував Тарантино да се искупи за глупостите што ги пишуваше пред некоја година. Како и да е, филмот е одлично склопен и си цепа некоја напнатост до самиот крај. Крајот е посебна приказна, верувам дека никој не го очекуваше. Познавајќи ја работата на Тарантино, очекував некако да ги изврти работите и да понуди повеќе опции за финишот, но и ова е доволно добро за мене.

Да сумирам. Нема промашени ликови, приказната е супер, реализацијата е солидна. Се препознава Тарантино во филмов и тоа ми се свиѓа. Очекував многу од филмов, да, сум задоволен, ама некако не e на врвот на топ листата на моите омилени филмови за годинава.

Something, Something, Something Dark Side трејлер

Онака, пост-роденденски, за време на пауза од учење, трејлерот за новата Family Guy пародија на Star Wars, Something, Something, Something Dark Side. The Empire Strikes Back ми е омилен од оргиналната трилогија, па знам колку ќе уживам во новава пародија.

Трејлерот е лудница, три минути се мочав у гаќи од смеење. Специјалната епизода ќе биде прикажана на 22-ри декември, а потоа ќе ја издадат на ДВД, Блуреј, итн. Клик тука за трејлерот. Најзакон моменти ми се кога ќе го соборат AT-AT вокерот и Боба Фет. :)