
Филмот отвара со напорен германски офицер кој е експерт за наоѓање скриени Евреи. Кристоф Волц е совршен за улогата, ликот е супер осмислен само што некако Тарантино зар'ѓал кога станува збор за пишување на дијалози кои се памтат. Некако вниманието е повеќе свртено на развојот на самата сцена, отколку дијалогот. Немам намера да го споредувам Inglourious Basterds со Pulp Fiction и знам дека сцената во вториов филм со Кристофер Вокен е неповторлива, но некако очекував Тарантино да се искупи за глупостите што ги пишуваше пред некоја година. Како и да е, филмот е одлично склопен и си цепа некоја напнатост до самиот крај. Крајот е посебна приказна, верувам дека никој не го очекуваше. Познавајќи ја работата на Тарантино, очекував некако да ги изврти работите и да понуди повеќе опции за финишот, но и ова е доволно добро за мене.
Да сумирам. Нема промашени ликови, приказната е супер, реализацијата е солидна. Се препознава Тарантино во филмов и тоа ми се свиѓа. Очекував многу од филмов, да, сум задоволен, ама некако не e на врвот на топ листата на моите омилени филмови за годинава.
1 comment:
Се согласувам со се :)
Дополнително, голем плус е што Тарантино не се појавува воопшто, дури ни со камео улога - човекот е феноменален режисер, ама тапа глумец :)
Post a Comment