Постои едно (бесплатно) програмче кое функционира на S60 платформата, супер работи на мојов телефон, а претпоставувам и на другите со ист оперативен систем. Се вика TouchComic и може да се симне од овој линк. Единствена замерка е што чита само стрипови со .cbz екстензија, така што .cbr скеновите ќе мора да се конвертираат. Бидејќи не успева само преименување на фајлот, конверзијата ќе мора да оди со некој архивер. На линков има супер туторијалче за тоа.
Showing posts with label download. Show all posts
Showing posts with label download. Show all posts
February 12, 2011
Стрипови на Nokia 5800?
Постои едно (бесплатно) програмче кое функционира на S60 платформата, супер работи на мојов телефон, а претпоставувам и на другите со ист оперативен систем. Се вика TouchComic и може да се симне од овој линк. Единствена замерка е што чита само стрипови со .cbz екстензија, така што .cbr скеновите ќе мора да се конвертираат. Бидејќи не успева само преименување на фајлот, конверзијата ќе мора да оди со некој архивер. На линков има супер туторијалче за тоа.
December 9, 2009
World of Warcraft: The Comic
World of Warcraft универзумот е доволно голем, за приказната од играта да може да се прераскаже преку стрипови, книги, филмови, па дури и серија. За филмот ќе почекаме уште некоја година, најавен е уште одамна.Компанијата Wildstorm, дел од DC Comics во ноември 2007 почнува со издавање на World of Warcraft: The Comic. Приказната почнува со човек кој се буди на бреговите на Калимдор, без никакво сеќавање за себе или како стигнал таму каде што е. Заедно со двајца Елфови (Најт Елф и Блад Елф) е заробен од Орките со цел да се натреварува во гладијаторските арени. Членовите на тимот се борат за сопствените животи, како и за златото на Орките-господари кои ги држат во заробеништво. По извојувана победа против друг тим кој важи за еден од најагресвните, главните ликови решаваат да побегнат и Ло'гош (човекот кој по победата ќе се стекне со ова престижно име/титула) конечно да дознае кој е и од каде е, за подоцна да се испостави дека е всушност изгубениот крал на Стормвинд.
Приказната се протега низ повеќе клучни и добро познати региони во играта, се појавуваат сите главни раси и повеќето од класите, како и некои ликови што веќе ги знаеме. Пристуни се и елементите што ги прават класите карактеристични, од опрема па се до магии, маунтови и што уште не. Што значи дека стрипот комплетно ги користи оргомните ресурси што играта ги нуди за создавање на една добра приказна. И не ме чуди што World of Warcraft: The Comic функционира толку совршено. Нормално, наменет е за фанови кои се запознаени со играта, но не е којзнае колку понеинтересен и за останатата публика.
Спакував 22 броја во две архиви, може да се симнат од тука и од тука. Ќе ги ставам и другите неколку, до сега излегоа 25.
November 13, 2009
Квалитетна домашна музика
Факт е дека имаме доста квалитетна музика која некако паѓа во сенка на шундот кој упорно владее со години у вукојебинава, но сепак успева да го најде патот до слушателите. Решив да споделам неколку изданија кои денес потешко може да се најдат низ продавнициве, а верувам дека има луѓе кои би биле заинтересирани да ги имаат во било каков формат. Доколку некој од изведувачите, издавачките куќи или некој директно поврзан со албумиве подоле има проблем со тоа што се ставени за даунлоуд, нека пише, одма ќе ги тргнам.
ВЕРКА - Jaggah (2003)
Верка се бенд од Делчево и стилот си го декларираат како "џага" метал. Некоја нивна комбинација на тогашниот популарен ну-метал звук и етно елементи. За жал, квалитетот на Верка не успеав да го забележам тогаш, кога бев музички затупен, а бендот праеше партал на сцената. Ги заслушав асално пред две-три години и сега знам за каков одличен и уникатен бенд станува збор. Не знам што се случува денес со нив, знам имаа свирка во "Хавана" годинава и толку. Освен овој албум, немаат друго издание, барем не нешто ново. Штета ако Верка останат на Jaggah.
MOSAIQUE - ? (2000)
Памтам кога се појавија, само што и нив ги заслушав нешто покасно. На сцената беа поприсутни и од Верка, а ги снема исто така нагло. Бендови со огромен потенцијал, стварно штета. Знам дека имаше планови и за втор албум, но за жал никогаш не го дочекавме. Стилот им е многу сличен на Rage Against The Machine само со многу повеќе џез елементи, скречовите на Славе и куп други интересни детали. Имаат и закон преработка на "Зајко Кукурајко" со спотче, не успеав да го најдам нигде, се вртеше порано често на телевизија. Сепак, мене хитот од MosaIquE ми е "Најдобриот непријател".
ЧИСТА ОКОЛИНА - Новиот Аспект на Старата Школа (2001)
Нека каже некој дека "Пуздер" не е една од најдобрите песни снимени тука. Исто како Верка, касно видов дека Чиста се генијален бенд, иако не слушам многу хип-хоп. Како и повеќето, останаа само на едно издание, добија култен статус и огромна група на фанови. Денес дел од нив се со фамилии, други си бркаат своја кариера и филм, а со некои играм Меџик, пошто го држат "Гоблин." :) Закон бенд, супер музика и текстови, баш деновиве гледам на Фејсбук се организираат фановите и бараат реоформување. Незнам што ќе се случи, а би сакал да ги гледам Чиста Околина во живо, ако не сите, барем дел од нив на куп.
July 19, 2009
Поларис колекција
Денес по вторпат ја прочитав Dune од Френк Херберт. Првата книга, нормално, додека вторава моментално ми стои на биро и чека да си направам кафе и да ја грабнам. Дури сега ја гледам убавината на серијалов и генијалноста на Херберт. Ги имам сите шест книги на хартија и планирам да ги прочитам периодов. Деновиве ќе го гледам филмот, а и мини-серијата, па ќе пишам нешто повеќе.Втората книга мислев дека ја имам загубено, па така се сетив на дискот со Поларис (издавачка куќа од Белград) изданија, со вкупно 227 СФ наслови од еден куп автори како Френк Херберт, Даглас Адамс, Исак Асимов, Клајв Баркер, Ден Симонс, Артур Кларк... Ги има речиси сите значајни СФ книги досега издадени. Спакувани се во HTML каталог (и се HTML формат), поделени во повеќе категории, така што лесно се наоѓаат. Го ставив дискот на Репидшер, фајлот е голем околу 70 мегабајти, а вреди да се има, бидејќи некои наслови потешко се наоѓаат кај нас. Клик тука за даунлоуд.
June 24, 2009
Star Wars: Darth Maul (стрип)
Darth Maul ми е еден од омилените ликови од новата Star Wars трилогија, а верувам и на повеќето фанови. Налетав на Star Wars: Darth Maul мини-серијал од четири броја што мора да го споделам тука, иако не е ништо посебно, но некако успеа да пројде кај мене. Деновиве пак правев Star Wars маратон, па сега си барам нешто ново за читање.Значи, дејствието е сместено краток период (шест месеци) пред настаните во Episode I: The Phantom Menace, кога речиси никој незнае за постењето на Ситовите. Darth Maul добива наредба од Darth Sidious да направи покољ во редовите на криминалната организација Black Sun, која постои неколку стотици години. Darth Maul со штотуку завршен тренинг, двоен лајтсејбер и фраерски брод (Sith Infiltrator) тргнува да го изврши тоа што му е наредено. Искрено, освен профит не гледам којзнае каква поента во серијалов. Доколку идејата била да покажат колку е Darth Maul моќен, злобен и послушен, сигурен сум дека можеле да најдат некоја подобра приказна. Веројатно ќе треба да си побарам некои други стрипови од периодот со Darth Maul...
Стрипот е издаден во 2000 година од Dark Horse Comics. Клик тука за даунлоуд.
August 10, 2008
Првиот број на Indiana Jones and the Tomb of the Gods
Нов Индијана Џонс стрип од издавачката куќа Dark Horse Comics која стои зад стрипови како 300, Sin City, Hellboy и уште многу други, меѓу кои и неколку Индијана Џонс мини-серијали. Првиот број излезе минатиот месец, вториот се очекува во септември а според сајтот на Dark Horse Comics сигурно ќе излезат уште два, со кои претпоставувам дека ќе се заокружи приказната во оваа мини-серија.Првиот број го означува почетокот на потрагата на артефакт за кој се претпоставува дека датира од пред палеолитскиот период и е дел од кружен клуч кој отвара некаква порта (за која претпоставувам ќе дознаеме во наредните броеви). Дејствието е сместено во 1936, измеѓу првите два филма. Ги има сите детали кои го прават Индијана Џонс мојот најомилен лик, ги има Нацистите кои се состојката на успешна Индијана Џонс приказна и за да биде уште подобро, го има Маркус Броди, лик кој многу (од разбирливи причини, за) недостига во Kingdom of the Crystal Skull.
Приказната почнува брзо, без многу развлекувања и пишувањето на Роб Вилијамс е баш во духот на филмовите. Цртањето е на Стив Скот, автор за кој не знам баш ништо, ама можам да кажам дека типот владее. Mислам дека се работи за помлад артист кој сигурно може да очекува светла иднина во стрип бизнисот.
Ќе се потрудам да набавам и некои други Индијана Џонс стрипови додека излезе вториот број. Ако некој го сака во електронска верзија, клик тука. За програмче за отварање на .cbr фајлови, клик тука.
July 23, 2008
Wir sind die Roboter
May 17, 2008
Spawn стрипови за симнување
Линковите од минатиот пост одамна се скинати, па решив да почнам да аплоудувам Spawn од почеток. Значи, скенирани, супер квалитет, секој број е околу десетина мегабајти. За почеток, ова што е доле. Ќе има апдејт наскоро.
Subscribe to:
Posts (Atom)

