Ги гледав Bad Copy без Виклер и сега конечно и него, плус Рахмани. Сите информации за дешавкава ги има на постерот доле. За даунлоуд на последниот албум, "Ortaci Ne Znaju" клик на линков.
2019: After the Fall of New York (1983) Италијанска продукција, интересен почеток, со нарација која ветува многу повеќе и пластична минијатурна верзија од пост-апокалиптичен Њујорк што боде очи, но му дава шмек на филмов. Првите 3 минути. А, очекував навистина многу од филм во кој после нуклеарна катастрофа, завојуван остаток од човештвото и ниту едно родено дете во последните петнаесет години, рип-оф на Снејк Плискин оди во разрушениот Њујорк да го бара чарето. Битно ги искористиле сите костими од локалниот театар...
Секако дека бев возбуден кога дознав дека се снима филм за почетоците на Вулверин, со Хју Џекмен во главна улога. Следев речиси се што се случуваше со филмот и се повеќе се плашев од кастингот, а особено од Лив Шрајбер (Сејбртут). Типот ми е антипатичен уште од малата улога во Scream трилогијата...
Само што ја изгледав новата Lost, "Dead is Dead". Феноменална епизода, конечно серијата почна да се движи кон кулминацијата која ќе се случи догодина, во последната сезона. По катастрофалниот почеток на петтава сезона, Lost успеа да се врати на вистинскиот пат и повторно да ми го привлече вниманието како некогаш. Да, сосема е изменета, но мислам дека ова е вистинската тема на серијата. Нормално, не е ништо толку добро како првите две сезони, но е далеку поквалитетно од трета сезона, која да бидеме реални, служеше само за да пополни место додека продуцентите размислуваа што всушност ќе претставува серијата. Серијата моментално стои на цврсти темели кои почнаа да се градат уште во претходната сезона. Изнајдоа формула која ќе даде одговор на сите прашања кои ги поставуваа фановите, која ја конечно ја прифатив каква што е, и решив да уживам во серијата. Последнава епизода ми покажа зошто сеуште гледам Lost.
Вербата во новиов филм ја загубив уште кога Том Џејн се повлече од филмот и го отстапи местото на Реј Стивенсон. Излезе сосема неприметно кон крајот на минатата година. Не привлекувајќи никакво внимание, успеа некако да се протне низ публиката и критиката. Наводно, филм правен само за фановите на The Punisher. За жал, до мене не успеа да допре, а се сметам за голем фан.
Runes of Magic привршува со бета-тестирањето и првата стабилна верзија ќе биде пуштена на 19-ти март годинава. Месецов играта го достигна рекордот со над 450.000 регистрирани карактери (во декември минатата година имало 100.000), што е и повеќе од одлично за MMORPG игра која е бесплатна и го нуди скоро истото што и игрите за кои се плаќа месечно, како на пример World of Warcraft. Името кое ќе го носи конечната верзија е Runes of Magic Chapter I: Rise of the Demon Lord.
По скоро еден месец играње, јасно се гледаат недостатоците на Runes of Magic. Но, сепак се работи за бесплатна игра и тоа е тоа. Најголемиот проблем е сиромашниот избор на опрема, барем за класата што јас ја играм. Често се случува да налетам на многу други играчи кои ја имаат истата опрема што ја има мојот карактер. Квестовите ги има доволно, не се којзнае колку комплицирани, ќе видиме за понтаму. Планирам да играм колку да видам до кај оди играва и што има на другиот дел од светот Taborea.
Изминативе неколку недели се позанимавав со Lord of the Rings. Ги читав книгите (само The Fellowship of the Ring ја имав читано претходно), ги гледав филмовите и ја играм Lord of the Rings: The Battle For Middle-Earth. Последен пат за Толкин бев до овој степен заинтересиран во средно, баш кога беше актуелен The Two Towers. Заедно со хајпот, спласна и мојот интерес па и не му обрнав големо внимание на The Return of the King.
Викендов беше светскиот prerelease event на новата Magic: The Gathering едиција, Conflux, втората едиција од Shards of Alara блокот. Кај нас prerelease турнирнирот е одложен и ќе се одржи во недела, на 8-ми февруари. Ќе играм, со надеж дека ќе ги добијам двете карти (барем по една копија од двете) кои се единствените од едицијава што навистина би ми биле корисни.