Се појави и
синематикот од новата
World of Warcraft експанзија,
Mists of Pandaria. Морам да признаам, изгледа феноменално.
Blizzard знаат како се прави ефективен трејлер и до сега немале утка. За самата експанзија, ќе го кажам истото што го зборувам со месеци. Фино освежување после змејови и огини, дефинитвно беше потребно нешто вака повесело. Е, сега колку ќе биде крајниот резултат позитивен, ќе видиме дури следниот месец. Играчите се поделени, па играта изгуби дури еден милион од нив пред некое време.
Mists of Pandaria е веројатно експанзијата која ќе ја одлучи конечната судбина на WoW. Ризичен потег да направиш експанзија базирана на минимална приказна и раса, со оглед на тоа што успешните WoW експанзии беа во директна врска со лорот кој влечеше корени од Warcraft стратегиите.
Деновиве подигрувам
WoW на оргиналниот сервер кај што исто така подигрував пред некоја година. Неспоредливо подобро од
пиратеријата на која се гњавев пролетоска. Азерот е сеуште забавно место за трошење време и пари. Со оглед на тоа колку
Blizzard ја искасапија играта, квестовите и приказната успеваат да приредат фино RPG искуство. Конечно со нормално темпо на левелирање, ги видов измените во
Cataclysm и некои се сериозно добри. Е, сега, со ризик да звучам како штреберот од твојата локална играчница, да си кажам неколку ствари.
Главниот проблем поради кој играта веќе извесен период ужива негативен публицитет е заедницата. Моментално
WoW ја доминира една нова генерација на играчи, кои и на некој начин се одговорни за катастрофалната состојба на играта. Постарите, растени во време кога "игрите беа тешки", полека си заминаа, и се појави онаков зерговски бран на копиљаци кои буквално плачат зошто не успеале да го бутнат тој и тој бос во тој и тој рејд. Полека, знам што зборам, истово моментално се случува и во
RIFT, но за среќа бројот на тие деца е мал за
Trion да почнат да даваат се на тацна.
Проблемот е што истите тие, не се способни да се организираат ни за едeн обичен данџн, а камоли да рејдаат со 20-25 луѓе. Очигледно истражувањето на пазарот покажало дека на доминантната генерација серковци битно им е "да се убие нешто" и да се осеќаат среќно и задоволно. Го разбирам тоа, но што се случи со предизвиците? Каде е мотивот за малку да се помачиш? Јебига. Среќа, среќа што постојат игри како RIFT, со возрасни деца кои нема да те пцујат ако почнеш муабет за приказната во играта.
Порано во WoW не беше така. Заедницата се грижеше за себе, играчите си помагаа, иако имаше и те каква конкуренција и компетитивност. Денес ќе доживееш да те пцуе дете чисто онака, што кога си се собирал со лаптопи во маало да играш WoW, не знаело латиница да чита. Сега се е некако тажно, нема веќе мултиплеер и трчаш истанци онака немо, без никој ништо да каже. Или читаш како си ги вадат очите меѓусебно. Мислев дека денес само на пиратскиве сервери го има ова, ама и таму е истиот гамад, само што не плаќа 15 долари месечно. Штета, ама веројатно ова е природниот тек.
Океј, да не испадне рејџам и сум тотално замрачен циник, играта е сериозно сеуште кул. Настрана копиљаци со фул епик опрема собрана за недела дена, WoW е уште интересна. Да, графиката е застарена, механиката е таа, светот си е тој, ама знае да те изненади иако можеби делува уморно. Ќе трза уште некое време, барем уште со MoP. Да имам време, сигурно би дал шанса. Панди, бе.