February 22, 2011

Книга на месецот: Death Troopers (Joe Schreiber)

Од морето генерички Star Wars новели кои се штанцаат во енормен број секоја година, конечно нешто попримамливо да исплива на површина. Книгата е објавена во 2009 година, потпишана од Џо Шрајбер, непознат автор за мене, како и останатите кои работат на Star Wars ракописи сместени во 'проширениот универзум'.

Death Troopers се разликува од остантите Star Wars книжулиња по тоа што нуди една сосема поинаква перспектива на целиот тој универзум. Ова е првата хорор новела после Galaxy of Fear серијалот, сместена во Галаксијата и веројатно една од ретките Star Wars книги кои не се препорачуваат на малолетната публика.

Главните ликови во Death Troopers се дел од затворениците и екипажот на бродот-затвор Purge, кој ги пренесува најопасните убијци, крадци и сличниот олош собран од цела Галаксија. Purge ќе претрпи проблеми со нормалното функционирање, па екипажот ќе биде приморан да го сопре во ненаселен дел од вселената. За да биде уште полошо, единствената надеж е во Star Destroyer-от кој исто така лебди расипан и изгледа напуштено, а скенерите на Purge не покажуваат знаци на живот таму. Дел од екипажот заминува да истражи, меѓутоа се враќа со вирус кој ги зомбифицира заразените во Ромеро стил, правејќи ги гладни за живо, незаразено месо. Заразата се шири брзо и буквално станува пекол за преживеаните на бродот заглавен во шупакот на Галаксијата. Затворениците се пуштени од ќелиите, кој зомби, кој растроен...

Приказната се концентрира на двајца браќа, дел од затворениците, чиј татко е убиен од говедото од капетан на Purge, Сарторес, кој исто така има значајна улога. По сплет на околности, браќава завршуваат во исто срање со докторката на бродот, Захара Коди и нејзиниот дроид Вејст. За да биде уште поинтересно, некаде на почеток, онака како тиз, од ќелиите се слуша урлање на Вуки. Нормално, Вукито е Чубака кој е заглавен на бродот со Хан Соло. Не е спојлер, пошто и они се дел од малата група на преживеани, на која ќе се приклучат нешто подоцна. Ова ме збуни малку, зошто не очекував да ги видам во толку голема улога, во книга која е survival horror. Како што се намалува бројот на преживеани, така повеќе се откриваат детали околу вирусот, од каде доаѓа и што навистина е, и зошто некој решил да зомбифицира толку многу Стормтрупери.

Ја препорачувам аудио верзијата на Death Troopers. Како прво, ова не би го читал на хартија меѓу толку добри други книги кои чекаат во ред, а како второ, доживувањето е сосема поинаку со аудио верзијата. За разлика од многу досадни аудио книги кои ги чита мрзлив глас, со тронка емоции, тука се е фино спакувано со предобра дарк амбиент музика, автентични Star Wars ефекти и одлична глума на дијалогот, од самиот автор. Зачудувачки добро го скинал гласот на Хан Соло, на пример. За ваква лесна книга, пре би се одлучил за високо-квалитетно аудио издание, отколку за хартија. Трае неколку саата, добра е за пред спиење и има неверојатно супер атмосфера со печат од жанрот на кој припаѓа. Не е ништо ново, ама е фино да се доживее Star Wars приказна на ваков начин.

February 18, 2011

RIFT Beta Петок


Денес го бутнавме босот на Death инвазијата во Scarwood Reach, Terrovex. Досега немав налетано на него. Ова е најтешкиот бос што до сега сум го сретнал во Telara. Ни требаа некои 15-20 минути за да го убиеме, има 975K HP, а згора на тоа во неколку наврати доаѓаше и другата фракција, The Guardians.

Е, вакви работи во RIFT ја прават играта најдоброто ММО моментално. Ова е последната бета, играта е многу подобрена во последниве два месеци. Се надевам дека ќе има уште едно мало полирање пред да излезе официјално, да средат одредени багови, и веројатно уште некој филтер за графиката. И вака е добро, само што мислам дека ова не е конечниот производ.

Инстанците (Iron Tomb и Deepstrike Mines) ги пробав вчера, супер се, не се само tank и spank, мада не би можел нешто повеќе околу ова, зошто ги трчав со 32 левел, а наменети се за помали. Сега остана уште една, веројатно викендов.

Yes, it is.

February 15, 2011

RIFT Open Beta (15.02 - 21.02)

RIFT од денеска оди во open beta фаза, на само две недели од официјалното објавување на играта. Играта веќе може да се нарача, цената и е 50 евра (или 50 долари за US серверите), со 30 дена играње. Месечната претплата ќе биде 15 евра/долари.

Отворената бета ќе трае нешто подолго, до 21-ви месецов. Значи, за оваа бета не се потребни клучеви, може да игра секој што ќе се регистрира додека серверите се онлајн (а, онлајн се од пред некоја минута).

Нови достапни зони, веројатно сега ќе може да се прошетаме низ цела Телара, еден нов warfront за над 30-ти левел е веќе достапен од претходната бета, а ќе има и нови инстанци. Новиот warfront, Whitefall Steppes, ја има истата стратегија како Warsong Gulch, обичен capture-the-flag каде што победува тимот кој три пати ќе го земе знамето на противничкиот тим. Гејмплејот е значи тој, познат од претходно, меѓутоа дизајнот е поубав и локацијата во базата кај што се наоѓа знамето е подетална, со интересни места за развивање офанзивна или дефанзивна стратегија.

Сепак, нема ни тука да видиме како изгледа end game-от во RIFT, зошто левелирањето е ограничено до 42-ви левел. И онака ќе немам време оваа недела за играње, така да ќе мора да почекам за крајот на играта, кога ќе ја купам. Серверите се моментално пребукирани, па кога ќе успеам да се логирам ќе пишам нешто повеќе.

Едно е сигурно, RIFT доаѓа на голема врата. Не само што е директен конкурент (закана?) на WoW, туку и најсилен наслов за ММО на годината. Единствено нешто што би можело да застане на патот е Star Wars: The Old Republic.

February 13, 2011

The Clone Wars: Мортис

Вчера The Clone Wars заокружи нов арк, приказна раскажана во три епизоди. Сезонава им тргна навистина одлично, за сепак да разочараат на крај. Веројатно понесени од позитивните критики кои се однесуваа на последните епизоди, сценаристите во потрага по нешто уште поспектакуларно се решија да чепнат есенцијален сегмент од сагата - Силата.

Анакин, Асока и Кеноби завршуваат на мистериозна планета, Мортис, каде што Силата е манифестирана преку едно необично семејство, Таткото, Синот и Ќерката, сите тројца длабоко врзани со овој дел од Star Wars. Доколку некој мислеше дека Лукас претера со газење на оргиналната трилогија кога првпат се обиде научно да објасни што е Силата, препорачувам да ги погледне овие епизоди. Среќа што навреме сконтав дека канонот на The Clone Wars и новата трилогија треба да го одвојам од оргиналниот Star Wars, за да се поштедам од непотребни нервози.

На Мортис, двете деца на Таткото ги претставуваат двете страни на Силата. Ќерката е добрата страна, додека синот има афинетет кон Темната. Почнува конфликт помеѓу братот и сестрата, а Анакин е тука за да ги избалансира работите. Конечно некој се осмели да го спомне и тој дел од The Phantom Menace, каде што во неколку наврати се спомна дека токму тој е оној кој направи баланс, нели, според некое старо пророштво на кое Лукас имаше посветено околу десетина секунди. Во ниеден од филмовите не видовме зошто Анакин е толку важен за Универзумот, добро што воопшто им текна дека тоа било некогаш спомнато. Само што ете, не успеаа да го раскажат како што треба, или барем на мене не успеа да ми се допадна. Покрај тоа, за првпат во серијава имаше референца на Дарт Вејдер, во моментот кога Анакин ја гледа иднината и тоа што ќе се случи понатаму со него.

Продукциски, ова сигурно беа најквалитетните The Clone Wars епизоди до сега. Во две од епизодите се појави и Квај-Гон Џин со гласот позајмен од Лијам Нисон лично! А, гласовите на Синот и Ќерката се актерите од The Force Unleashed. Анимацијата го достигна врвот тука. По се изгледа дека сезонава ќе биде последна од серијава, па се трудат фино да ја завршат. Има најава дека во следната епизода ќе се појави Таркин, па баш ме занима како ќе го изведат тоа.

February 12, 2011

Стрипови на Nokia 5800?

Не дека е неопходно читање на скенирани стрипови на мобилен, ама понекогаш се наоѓаат. Пред спиење, во клозет, во автобус... Да, дисплејот на Nokia 5800 и не е којзнае колку голем и практичен за стрипови, ама ете, се гледа се и буквите се читаат. Страниците автоматски се прилагодуваат на резолуцијата.

Постои едно (бесплатно) програмче кое функционира на S60 платформата, супер работи на мојов телефон, а претпоставувам и на другите со ист оперативен систем. Се вика TouchComic и може да се симне од овој линк. Единствена замерка е што чита само стрипови со .cbz екстензија, така што .cbr скеновите ќе мора да се конвертираат. Бидејќи не успева само преименување на фајлот, конверзијата ќе мора да оди со некој архивер. На линков има супер туторијалче за тоа.

February 8, 2011

Пет причини за смртта на Star Trek

Во случај некој да заборавил, да потсетам дека пред скоро две години се појави последниот Star Trek филм. Да, го гледав уште тогаш и да, дури сега се решив да пишам, инспириран сосема случајно, додека прегледував некои стари текстови на MakTrek.

Филмот смрдеше на фецес уште кога беа објавени првите информации за кастингот и самата идеја за ваков 'римејк'. Сепак, филмот се случи и голем број фанови го дочекаа со раширени раце и нозе. По некое чудо, рецензиите беа генерално позитивни и целата фама околу филмот делуваше како да се случува во некој паралелен универзум, каде што целата публика се зомбија кои би проголтале било што со натпис Star Trek на него. Главниот кривец за смртта на Star Trek е секако Џ.Џ. Абрамс, познат како создавачот на Lost. Рака на срце, човекот освен тоа што ја направи најдобрата серија во историјата на телевизијата, нема ништо друго вредно за памтење.

Новиот Star Trek го имам гледано скоро два пати. Првиот пат го гледав во рок од една недела, со три паузи, додека вториот пат (минатово лето), го исклучив на пола. Покрај тоа што комплетно ја навредува интелегенцијата на гледачот, плука по се она што стои зад името Star Trek. Очаен обид да се заработи од мртва франшиза, со оправдување дека е време за нешто ново. Ако бараме нешто ново, зошто мора да е реимагинација на нешто старо и толку култно? Ајде една кратка анализа на филмот, пред да излезе новиот.

1. Идеја

Дали Абрамс или било кој друг инволвиран во ова навредливо ѓубре некогаш сконтал што е Star Trek или разбрал што била идејата на Џин Роденбери? Каде е утописката иднина, инспиративната технологија и моралните вредности на кои е базирана оргиналната серија? Каде се сите оние работи кои го претставуваат ова име? Јас знам кај се, удавени во мизерен блокбастер, нашминкан со ефекти, неоргиналност и р'каници. Римејк на Star Trek е полоша идеја и од новата Star Wars трилогија. Едноставно, на некои ствари не правиш римејк и крај.

2. Режија и фотографија

Низ цел филм, и тоа кога го викам сум прилично сериозен, на секои пет секунди има иритирачки lens flare ефект. Толку е претерано со користење, што е неподносливо. Буквално сегде има отсјај. Филмот е полн и со лоши кадри и камера потпрена на вибратори. Веројатно со овие три ствари пробале да му дадат на филмот некаква оргиналност и стил, меѓутоа на крајот не испаднало како што планирале, без разлика колку и да си ги тријат сега рацете од задоволство. Режијата е до толку лоша што на моменти ми доаѓаше да го клоцнам мониторот.

Од ова ослепел Џорди Ла Форџ

3. Кастинг

Филмот го изгасив два пати на делот кога се појави Чеков. Толку фејк руски акцент не сум сретнал нигде на друго место. Ако постои, нека посочи некој каде. Спок беше само Закари Квинто со Вулкански уши, ништо повеќе. Ја немаше мудроста, зрелоста и ставот на оргиналниот Спок (хаха, се појави и Леонард Нимој, чисто колку да се каже), без разлика што приказната е сместена додека екипажот е млад. Тинејџерските проблеми на Спок на страна, што беше со Скоти? Сајмон Пег е цар, меѓутоа не и како Скоти. Покрај тоа, две минути вкупно Скоти во цел филм? Идеме понатаму. Џон Чо како Сулу? Харолд и Кумар на Ентерпрајз? Карл Урбан како МекКој? Карл Факин Урбан? Тоа ти е исто како Семјуел Факин Џексон кога беше Џедај. За чудо, Кирк ме изненади. Не беше толку лош како што мислев. Ах, да. И Ерик Бана како негативец. Некој Ромуланец излезен од главата на Абрамс, со сите можни стереотипи на гадно копиле, па дури и физичкиот изглед. Тетоважи на лице? Браво, многу генијална идеја, баш е онака злобно.

4. Приказна

Приказна? Нешто со патување низ време. Пак, да. Не само што идејата е доволно преџвакана во целиот СФ жанр, туку е и повеќе пати користена во Star Trek, што во филмовите, што во сериите. Неможеше нешто пооргинално или им требаше нешто што ќе го смести и Леонард Нимој во филмот? Сакам да кажам, дека тајм тревл веќе не е одамна толку фасцинантно како порано, па колку е да е интересен концептот. Не знам, од приказната го видовме малиот Кирк, темпераментно дете што слуша Бисти Бојс и има Нокиа. Кога е малку поголем, се тепа пијан и пробува да биде Хан Соло.

5. Атмосфера и дизајн

Во ниеден момент не се осеќав како да гледам Star Trek. Ништо што ќе ми предизвика слично чувство. Атмосферата во филмот е како и во секој поскап СФ блокбастер, така што не направи многу разлика што тука насловот беше таков. Ентерпрајз внатре изгледаше како продавница на Епл, а не како брод на Федерацијата. Контам дека неможе да биде шарен како порано, ама ова беше претерано стаклено внатре...

Сигурно пепелта на Џин Роденбери се превртува низ вселената.

February 7, 2011

Најава за Captain America: The First Avenger

Имам некое чувство дека Captain America: The First Avenger ќе биде филмот за оваа година. Судејќи по постерите, сликите што се вртат по интернетов и тизер трејлерот кој беше прикажан на Super Bowl-от, верувам дека ќе гледаме добар филм.

Крис Еванс делуваше крајно сомнително како Стив Роџерс/Капетан Америка, меѓутоа од ова што досега до видов, и не е така лош избор, напротив. Дечкото некако се вклопи во улогава и ми ги тргна сите негативни мисли што ги имав за кастингот. Покрај него, улогите ги толкуваат Томи Ли Џонс и Хуго Вивинг како Ред Скал, главниот негативец во филмот и главниот непријател на Капетан Америка. Дејствието ќе се одвива за време на WWII, па тоа може да пројде како уште еден индикатор за интересна адаптација. Marvel покажаа дека можат да понудат квалитетен филм базиран на нивни херој уште со првиот Iron Man, така што не се сомневам ни во ова.

Време е да се пролиста уште некој стрип како загревање за филмов. Captain America: The First Avenger ќе ја има премиерата во јуни оваа година.

Види такоѓе: