October 31, 2009

Crapwerk Horror Show

Фан сум на хорори уште од дете. Имам голема колекција, филмови собирани некои седум години. Одамна се спремав да пишувам околу омилените, а денес имам и (глупа) причина за ваков пост. Еве неколку хорор филмови што ми се особено драги и сакам да ги препорачам. Има уште многу други што ги имам намерно испуштено, а спремам нешто и за нив.

1. The Omen (1976)
Долго време The Omen го сметав за омилен филм, со тоа и омилен хорор. Го гледав речиси секој ден, дури и денес знам цели дијалози од филмот на памет. Откако синот на американскиот дипломат Роберт Торн (извонредна улога на Грегори Пек) ќе почине при раѓање, ќе го замени бебето со друго бебе, без да и каже на сопругата. Испаѓа дека тоа е всушност синот на Сатаната и може да се убие само со Седумтте бодежи од Мегадо. The Omen е сеуште ненадминат хорор до ден денес, нема филм со толку морбидна атмосфера и таква музика како на Џери Голдсмит. Филмот има уште три продолженија и еден римејк.

2. Halloween (1978)
Не може "Halloween Special" без овој филм. Верувам дека сите имаат гледано барем еден дел. Јас ги сакам само првите два, другите се океј се до последниот пред римејците на Роб Зомби, Halloween: Ressurection. Комплетна утка што ја закопа франшизата која колку толку мрдна со Halloween: H20. Мајкл Маерс ми е омилениот убиец од слешер хорорите. Кога пробаа да го објаснат однесувањето на Мајкл Маерс, тогаш почна да тоне Halloween ко франшиза. Добро, тоа и смртта на еден од клучните актери, Доналд Плисенс.

3. Re-Animator (1985)
Осумдесетите според мене се златното доба на хорор жанрот. Тогаш се појавуваат сите слешер франшизи што за жал денес се мртви поради идиотските безбројни продолженија. Re-Animator бега од тој тренд, накај андерграунд хорор-гор жанрот кој во тоа време е популарен во многу потесни кругови. Се работи за хорор-комедија, најдобрата од овој жанр, инспирирана од дело на Лавкрафт. Херберт Вест, ексцентричен студент на медицина, патентира "лек против смрт" со кој оживува мртви луѓе. Проблемот е што лекот ги оживува само физички, додека се ментално сеуште прилично мртви, па имаат само инстинкт за преживување и обожаваат да напаѓаат луѓе. Има уште две продолженија, исто добри, а веќе неколку години се најавува и четврто, каде што докторот Вест ќе се обидува да го врати во живот починатиот американски претседател. Поради овој филм, Џефри Комбс ми е во топ 10 актери. А, да. Требаше да има и серија, ама не знам што се деси со тоа.

4. Saw (2004)
Повеќе пати сум спомнувал, и на Crapwerk, дека Saw ми е еден од омилените хорори. Уникатна приказна, нов стил на хорор кој комплетно го редефинираше жанрот денес. Успеа да се пробие низ купот клишеизирани хорори и да си најде своја публика што ќе дава пари за лоши продолженија како што беа последните два филма. Новиот излезе деновиве, според рецензиите бил добар, го сметаат за најдобар после првиот, речиси и да нема негативна критика. Ќе го гледам кога ќе излезе на подобра снимка. Saw кецот е извонредно искуство првиот пат кога се гледа, има изненадувачки крај што може да се доживее само еднаш. Вториот дел не беше толку лош, третиот така-така а за другите два, веќе пишував тука.

5. [REC] (2007)
Пред [REC], до сега ме имаат исплашено само два филма, They (1993) и Grave Secrets: The Legacy of Hilltop Drive (1992) и тоа пред повеќе од десет години. [REC] е шпански филм, снимен со минимален буџет, без сетови и со една камера. Снимен е во стил на документарец, откако ТВ екипа ќе биде заробена во зграда во која има нешто што не е баш природно и човечко. Баш тоа што делува реално, го прави филмот толку језив. Има и американски римејк што не планирам да го гледам, а се има и втор дел годинава, директно продолжение на првиот, шпанскиот.

October 30, 2009

Трејлер и вести за последната сезона на Lost

Не ми се верува дека Lost завршува и дека волку брзо проаѓа времето до почетокот на последната сезона. Дефинитивно најдобрата серија некогаш снимена и мило ми е што ја следам додека се прикажува. Последната сезона ќе почне кон крајот на јануари следната година и требаше да заврши некаде во мај. Е сега, после неколку епизоди Lost ќе паузира до март поради Зимските Олимписки Игри. Глуп потег на ABC да ги стопира сериите, бидејќи ЗОИ во САД ќе се прикажува на NBC. Ко малку да чекавме и да си идеше без прекини до сега...

Се појави и тизер трејлер, уште една глупост, зошто нема ниту една секунда нов материјал од новата сезона. Продуцентите одлучиле да не прикажуваат ништо ново до премиерата на првата епизода.

Едвај чекам јануари, а ќе пројдам и низ паузата. Чекав толку години за крајот, па два месеци не ми се проблем. Знам дека конечно се ќе се објасни и ќе ни биде многу подосадно во иднина...

Загревање за Avatar

Без разлика дали и колку е филмот квалитетен, ако успее да и го привлече вниманието на публиката уште во рана фаза на продукција, тоа се сигурни пари од кино салите бар првата недела, што би рекле и на Грајфер. Со Avatar е слична ситуацијата, го следат медиумите, а и гиковите. Џејмс Камерон се враќа на СФ жанрот како режисер по повеќе од десет години, освен ако некој го рачуна Aliens of the Deep. Да потсетам дека Џејмс Камерон не е само 'the director of Titanic', туку јебото потпишан како режисер на СФ класики ко Aliens и првите два Terminator филмови. Развојот на Avatar почнав да го следам од пред некој месец, кога се појавија првите слики и првиот тизер трејлер. Еве го новиот, излезе вчера. Мене ми мириса на одличен филм, инстант класика. Ќе видиме во декември.

Џејк, парализиран воен ветеран од Земјата, заминува на месечината Пандора да си го бара лекот. Бидејќи луѓето неможат да го дишат воздухот на Пандора, направени се хибриди, Аватари, помеѓу човек и На'ви, хуманоидната раса која ја населува Пандора. Џејк со неговото ново тело може повторно да оди, и како што може да се види нели во трејлерот, и да скока, а и да брка На'ви девојчиња (Зои Салдана од новиот Star Trek). Меѓутоа, за да не биде се така весело, на Пандора избива војна...

Визуелно, Avatar делува совршено, од тоа што можев да видам од трејлерот, само што ја приметувам една работа повеќе. Целата атмосфера во трејлерот, освен машините и другите хајт-тек ствари, многу ме потсеќа на World of Warcraft. На'вите изгледаат слично со Night Elves, Пандора има елементи од WoW зони, има некои суштества што личат на змејови... Како да гледам трејлер за WoW филмот. Ако веќе биде филм, сакам да видам нешто вакво. Ќе муабетиме повеќе за ова кога ќе го гледам Avatar...

October 24, 2009

Terminatwerk

Под влијание на никотин, кофеин и C#, успеав да го создадам Terminatwerk T-600 кој ќе биде пратен во минатото да ми мавне заушка пред да напишам некои срања што сум ги објавил на блогов. Постови што ми е глупо да ги читам, а тука се, постојат за да посведочат од какво гомно еволуирал Crapwerk. Факултет за гејминг, Дај нека помине... се само дел од нив. Да беше блогов хартија, ќе посакав да си го избришам газот со колекција од вакви чкртаници.

Со ова, предизвикав и темпорален парадокс (Дали Terminatwerk ќе може да ми мавне заушка и за овој пост?) кој планирам да го средам откако ќе ми пројдат испитиве и колквиумиве, значи, за една недела. До тогаш, на Crapwerk ќе се тркалаат грмушки ко у вестерн, а ја ќе сум под таков стрес, што теоретски би можел да предизвика краток спој кај скиентолошкион геџет.

Гледам како се запустува блогов кога сум зафатен. Не дека се форсирам за пишување, само што некако се навикнав да чкртам за поголемиот дел од стварите што ги гледам, читам или играм. Фатив 80-ка на WoW, навечер гледам трета сезона The X-Files и деновиве фурам на Windows 7. Најдобар Windows после XP, таман после полагањава ќе можам асално да пишам што и како е.

За крај, да кажам само дека Terminator Salvation е лош филм. Нема да навлагам зошто, очигледно е, незнам само кај ми бил паметот откако сум излегол од кино... А, за ептен на крај, на Warcraft III на Garena го јадам од тие гиковите ко пијана средношколка на матурско вече...

< /terminate >

October 19, 2009

20 години The Simpsons

The Simpsons го слават својот 20-ти роденден. Цртаната серија која ми го обележа детството, доживеа 21 сезона со вкупно 445 епизоди и еден долгометражен филм, што излезе во 2007. Плус огромен број на игри, стрипови и куп други ствари. Не знам што се случува денес со серијата, не ја следам редовно, имам гледано негде до 17-та или 18-та сезона, а првите 10 сезони ги имам гледано најмалку три пати, уште кога ги даваа на телевизија.


Дома ги имам до 18-та сезона, знам да си пуштам некоја епизода од време на време, особено старите кои голем дел ги знам на памет. Хуморот неможе да се мери со генијалноста на Family Guy или South Park, но ликовите тука ми се подраги од било кои други и баш поради тoa, серијата ми е секогаш интересна. Квалитетот е одамна опаднат, меѓутоа гледам дека и понатаму си фураат и успеваат да задржат доволно публика за уште сезони. Не верувам дека имаат нешто ново да понудат, ќе ѕирнам баш кога ќе немам нешто друго за гледање, а сигурен сум дека ќе траат повеќе од било која друга анимирана хумористична серија која се прикажува денес.

По овој повод, фановите ќе може да земат учество на натпреварот во создавање на нов карактер кој ќе стане дел од серијата.

October 11, 2009

Warcraft III на Garena

Wacraft III: The Frozen Throne играм со години, а никогаш не сум играл на Garena, Battle.net или нешто слично. Играм онака, аматерски, во LAN или против компјутер. Денес инсталирав Garena, баш да видам како се игра Warcraft "професионално". Лесно се наоѓа друштво за играње, повеќе се игра тимски 2 на 2, 3 на 3, меѓутоа има и соби за еден на еден. Изиграв три партии, првата со рендом армија, ме даде со Undead, ме решија од двете страни за помалку од 10 минути, еден со Human армија, другиот со Demon Hunter. Колегата од тимот (некој копиљ од Полска) се исклучи додека ја рушеа мојата база, па дека имаше Night Elves пробав нешто да се спасувам, али џабе. Играат тука, не се заебаваат.

Втората партија си играв со Night Elves, мојата раса, 3 на 3 партија и тепавме. Се погодив со тип што играше Undead во тим, па лесно влеговме во база со Фрост Вирмови и Кимери. Најинтересно е 3 на 3, на поголеми мапи, да можеш одма да завземеш рудник и да се развиваш на раат. Третата партија онака, бев на лошо место на мапа, па го изедов прв. :)

Гледам има фори некои што не сум ги знаел. За градење на база, редослед на војска, херои... Така да, читање туторијали не помага, Garena бара само вежбање. Ќе видиме деновиве тоа.

October 9, 2009

V: Нова инвазија

На Земјата никогаш не и се доволни инвазии од вонземјани. Неисцрпна тема, одамна присутна и милион пати интерпретирана на различни начини. Дури и V. Станува збор за римејк на серија од 80-тите, со вонземјани кои доаѓаат на Земјата со навидум добри намери, за потоа да се испостави дека се всушност lizard people кои и не се баш пријателски расположени.

Серијата обработува една од поидиотските теории на заговор за расата на луѓе-гуштери кои според Дејвид Ајк, го контролираат светот. Пред неколку години гледав некои документарци поврзани со типов, и неговите идеи се во најмала рака смешни. Друг пат за него, сега сакам да кажам нешто за серијава. Очигледно, ABC си планираат уште една серија која ќе ја пополни дупката после Lost. Сметам дека FlashForward има поголем потенцијал да го стори тоа, отколку V, пред се поради посвежата тематика и интересот на публиката. Вонземјаните не се толку популарни како порано.

Во V, вонземски бродови се појавуваат над поголемите главни градови низ светот. Вонземјаните велат дека се спремни да ги потпомогнат луѓето, со цел да ја стекнат нивната доверба, додека тајно спремаат инвазија и превземање на Земјата. Дел од луѓето се исплашени, додека останатите ги прифаќаат вонземјаните и се спремни да живеат со нив.

Знам дека звучи интересно. Старата серија (има и филмови, и мини-серијали) ја немам гледано, ама сум читал нешто порано. Новава почнува со прикажување на 3-ти ноември. Има интересен кастинг, а автор е типот на The 4400, Скот Питерс. Не дека не знае да направи серија, туку незнае да го задржи вниманието на публиката. The 4400 пропадна, а типов е инволвиран и во најлошите сезони на The Outer Limits. Ќе видиме, очекувам добра-пилот епизода, ако ништо друго.

На официјалниот сајт има трејлер, слики и други информации.

October 8, 2009

Трејлер за римејкот на A Nightmare on Elm Street

Колку и да е трагично, изгледа единствен спас за оживување на култните слешер серијали од 80-тите се римејциве, откако ги усраа со идиотски продолженија како Jason X, Halloween: Resurrection и последните Hellraiser филмови.

На ред е A Nightmare on Elm Street. Истата судбина како филмовите погоре. Трејлерот се појави пред некој ден, може да се ѕирне на линков. За разлика од Friday the 13th римејкот, работен од истава екипа, ова ми делува како поверно на оргиналот од 1984. Или бар трејлерот е така склопен да ја наведе публиката на тоа. Не ми се свиѓа новиов Фреди Кругер (Џеки Ерл Хејли), за мене Роберт Инглунд е Фреди.

Филмов излегува на 30-ти април 2010. Има време, до тогаш треба да видиме уште неколку дебилни продолженија, како Saw VI на пример...

October 4, 2009

World of Warcraft викенд: Назад на OmegaWoW

Не планирав да се враќам на blizzlike сервер, а уште помалку на OmegaWoW откако ми го скинаа златото, ама ете ме пак. И тоа на OmegaWoW. Добив назад се, освен златото, ама што ќе правам без тоа. Си направив Dwarf Warrior, моментално 16-ти левел, плус имам 400 и кусур vote points, така да, ете ми опрема/злато. Не дека неможам да ги потрошам за паладинот, туку сакам да играм Алијанса, а џуџињава ги немам играно многу одамна. Сега се левелирам во некои зони кај што не сум стапнал повеќе од година и ми е ептен интересно. Плус на OmegaWoW квестовите работат супер, па нема проблем за фаќање левели. Дроп рејтот е ептен Blizzard, собрав некоја опрема колку да не умирам брзо, плус торбици неколку, па поените од гласање ќе ги трошам понатаму. Ќе се моткам што е можно подолго низ Азерот, малку да избегам од шемата што ја цепам последнава година, со левелирање во Беренс/Ешенвејл/Танарис. Ми здосадија тие места веќе.

Neverendless-WoW се сјеба тотално, паѓа на секои 10 минути, ни новиот хардвер не им помогна, па ќе сределе во текот на неделата. А, таман го кренав Night Elf друидот на 27-ми левел. Додека не го средат како што треба, ќе си играм на OmegaWoW. И, кога нема да ме мрзи да се левелирам, зошто сега ми е најбитно убаво да го видам Нортренд, а не на instant 80 сервер. Или ритејл.

Проблемот е што уште неделава ќе имам слободно време да играм WoW на два сервери...

October 3, 2009

Пет минути од 2012

2012 е еден од најисхајпаните филмови годинава, базиран на исто така исхајпан настан кој наводно треба да се случи на 21 декември 2012 година. Во некоја друга прилика ќе пишам повеќе за календарот на Маите и неговото завршување во 2012.

Значи, според толкувањата на календарот на Маите, крајот на светот ќе се случи баш на датата погоре, исто како што, нели, имавме крај на светот на почетокот на 2000. Филмов ги раскажува настаните на 21-ви декември 2012, за време на глобалната катаклизма. Веќе сме виделе купишта вакви филмови, така што овој не нуди ништо ново, освен поквалитетните специјални ефекти. Во овие пет минути од филмот кои вчера се појавија по разни сајтови и блогови, го гледаме уништувањето на Калифорнија и дел од изјавата на гувернерот (тип што го глуми Шварценегер). Не ми е јасно само како луѓево успеваат цели пет минути да се буквално чекор понапред од бранот кој го руши градот и да се извлечат без влакно да им фали. Добро е што сум навикнат на вакви претерувања кај овој тип филмови, па и не ми пречи баш многу.

Филмот излегува во ноември. Се надевам дека ќе го донесат во Рамстор, да немора да чекам уште месец дена за подобра снимка.

Еве ги петте минути од 2012.