March 10, 2008

Kultur Shock (втор пат)

Уште кога ги гледав првиот пат на Таксират, сакав пак. Конечно ги дочекав Култур Шок по втор пат во Скопје! Само што се вратив од МКЦ, испотен, исшуткан и презадоволен од тоа што го видов и слушнав. Ми звучеа подобро од првиот пат, штознам, тогаш ми беа тазе, онака. Ги слушнав првпат кратко време пред да ги гледам во живо.

Култур Шок се од оние бендови кои се повеќе за во живо отколку за во студио. Прават атмосфера која ретко кој бенд што дошол кај нас успеал да ја создаде. Најбитно од се, имаат одлична комуникација со публиката.

Култур Шок се мулти-културен феномен од Сиетл, со членови кои доаѓаат од Босна, Јапонија, Америка, Хрватска. Свират панк/хардкор/ска/whatever верзии на балкански фолк песни. Еве го нивниот МајСпејс, во случај некој да сака да чуе нешто.

На крај се сликавме, муабетевме, земавме автограми и слично. Многу искулирани луѓе и тотално спуштени на земја. Риспект!

March 7, 2008

Крв, оган, смрт, куршуми и Рамбо

Не знам што очекувале тие што сереа за новиов Rambo. Да ја открие тајната за вечен живот? Да бараш издржани дијалози во Рамбо, е исто како да гледаш порно поради приказната.

Рамбо е за покољ и сеење смрт кај непријателот! Рамбо е за вадење грклани со голи раце! Рамбо е за стотици испукани куршуми во човечко месо! Рамбо е за човечко месо распрскано на сите страни!


Сталоне со филмов само ми докажа дека ќе треба да помине долго време за некој да може да им се доближи на хероите од осумдесетите. Со неговите 62 години, им го го покажува средниот прст на дупло помладите колеги. Криво ми е само за Шварценегер. Имаше уште да даде...

Новиов филм си е баш како што треба. Акција и ништо друго. Бара само исклучување на мозокот на некои 90 минути. Му фалат само две работи. Richard Crenna и музиката на Jerry Goldsmith, ама од оправдани причини...

March 5, 2008

Џeк Бaуeр e Зaкoнoт.


Ги изгледав првите три сезони од 24, и сега се спремам да почнам да ја симнувам четвртата. Серијава влезе во списокот на моите омилени серии уште при првата сезона (сега ја даваат и на една од нашиве телевизии).

Иако приказната не е ништо што до сега не сме го виделе по акциони филмови или серии, магијата на 24 е во форматот (секоја епизода е еден час од "денот"/сезоната). Самиот формат овозможува подетален развој на ликовите, сторијата и челичните јајца на Џек Бауер, кој прави Чак Норис да моча навечер во кревет.

Шала на страна, Кифер Сатерленд ме изненади. Како актер, го засакав од The Vanishing и Dark City, сега го обожавам.

Друга закон работа во 24 е појавувањето на познати фаци како Dennis Hopper, Daniel Dae Kim, Zachary Quinto, Michelle Forbes, Tobin Bell, John Terry, Jon Gries, итн..

February 29, 2008

Престапен пост

Следниот пост на оваа дата ќе го напишам за четири години. И онака е слободна темата, па еве го Боб Марли со "Them Belly Full (But We Hungry)". Одамна се спремам да го ставам ова на блог.



Инаку, новава "Lost" епизода владее, и серијава почнав да ја сакам како што ја сакав за време на првата и втората сезона. Овие неколку епизоди од четврта, потполно ги засенија досадните моменти од трета сезона. Серијата се врати на тоа што беше. Пред некој ден излезе и играта, па ако имам време ќе ја симнам и ќе ја пробам.

February 20, 2008

Пуф... Црна Нинџа!

Луѓево од WoWfusion серверот владеат! Пред саат време, сите на серверот се претворивме во црни нинџи. И тоа женски црни нинџи! Сите добија Black Ninja Costume што траеше 60 минути. Онака, чудно е кога од Blood Elf Warlock ќе се претвориш во ова. Кога викам ја дека приватните WoW сервери се закон.... :)

Направив некои скриншоти за спомен, еве три и тука.



Anu belore dela'na!

February 16, 2008

Најакционата слика на сите времиња


Секогаш ќе ми биде криво, што никогаш не ги видов заедно на филм, пример во Contra. Двајцата ми се херои од детството и секогаш ќе ми бидат.

Сликава горе е од премиeрата на новиот Rambo, четврт по ред. Го немам уште гледано, го чекам да излезе на ДВД, не сакам лоша кино-снимка или workprint.

February 7, 2008

Постерот за 007: Quantum of Solace

(кликни на сликата за поголема верзија)

Денеска се појави постерот за новиот 007 филм, што треба да излезе во ноември оваа година. По одличниот Casino Royale, очекувам многу од филмов. Знам дека нема да разочара. Бонд из бек! :)

Cloverfield низ десет точки

Не верувам дека кино-снимката ќе се разликува многу од DVD-то на Cloverfield, а и не е битно. Го најдов со задоволителен квалитет, но тоа најмалку ми пречеше во филмов. Во минатиот пост спомнав дека ќе биде катастрофа голема колку што суштеството ја прави во Њујорк. Бев сосема во право. Најсмешно е како J.J. Abrams дошол до идејата за филмов. Бил со синот во Јапонија, шетале низ продавници и кога ги видел Годзила (Gojira) играчките, сфатил дека и на Америка и треба слично чудовиште. Јас мислам дека доволно ќе биде и Годзила да им отиде таму, и да им покаже како се уништува град...


Да пробам да ги пренесам впечатоците од Cloverfield во десет точки:

1) Ова не е филм за чудовиште. Ова е филм за луѓе кои се обидуваат да преживеат напад на чудовиште. Трчање низ рушевини не е monster movie.

2) Ова е доказ дека лош филм може да доживее солиден финансиски успех со добар маркетинг. Ќе има и продолжение во 2009.

3) Начинот на кој е снимен филмот, е веќе виден во The Blair Witch Project. Ништо ново, и ништо интересно.

4) Зошто се обиделе да протнат љубовна приказна? Може ли еден Холивудски филм да помине без ова?

5) Чудовиштето, кое го имаше некои 30 секунди во филмот, "исфрлаше" некои мали суштества што личеа на Face Hugger-ите од Alien.

6) "Cloverfield" е лошо име за чудовиште кое изгледа како да излегло од блокчето за цртање на четиригодишно дете. Да, така изгледа.

7) Годзила јаде десетина вакви чудовишта за доручек.

8) Сакам да имам камера како таа што дечкото ја користи за да снима. Значи, со батерија која трае вечно, со SD картица што има бесконечна меморија и најбитно од се, што е отпорна на било што. Дури и на суштества кои можат да и ја откинат главата на Статуата на Слободата.

9) Филмов е правен по сличната "не објаснувај ништо"формула, како Lost.

10) Постерот е многу подобар од филмот. Радо би зјапал 80 минути во постерот, отколку повторно да го гледам филмов.

February 6, 2008

Dragonlance: Dragons of Autumn Twilight (цртанот)

Уф, колку бев возбуден кога дознав дека излегува Dragonlance цртан. Го симнав кога се појави по торентиве, дремеше изрежан скоро три недели, додека си го подесував расположението за гледање на нешто вакво.

Само што (пробав) да го гледам. Одамна немам видено нешто, до овој степен, очајно. Бедна анимација (ужасна комбинација на 2D и 3D), што дури потсеќа на нискобуџетните телевизиски цртани серии од типот на "The Magical Adventures of Quasimodo" (ја даваа пред десетина години на МРТВ). Синхронизацијата е исто така катастрофална, без разлика на тоа што еден од гласовите е на Кифер Сатерленд.

Dragonlance: Dragons of Autumn Twilight делува толку ефтино, што е чудно, бидејќи зад проектов стојат компании како Wizards of the Coast и Paramount Pictures.

Незнам ни јас зошто очекував толку многу. Самиот факт дека цртанов е direct-to-DVD издание, требаше да ми укаже на тоа дека нешто смрди. Да не зборам за тоа дека немаше скоро никаков маркетиг. Јас не памтам дека некаде видов реклама по интернетов.

Се надевам дека еден ден ќе видиме достојна адаптација на Dragonlance книгите. Цртаниов ми предизвика мачина во стомак, и не можев да го догледам до крај...

February 4, 2008

Промените доаѓаат...

...кога ти си Којотот, а факултетот е Брзата Птица Итрица.