August 31, 2008

Државно првенство во Magic: The Gathering

Годинешното државно првенство (шестто по ред) во Magic: The Gathering ќе се одржи во недела, 7-ми септември во клубот "Retox". Оваа година нема никакви квалификации, отворено и може да учествува секој заинтересиран. Учеството е 700 денари, со што секој учесник добива три бустери (два Shadowmoor и еден Eventide) и пијачка од клубот. Почетокот е во 10:00 наутро, а пријавувањето е во тек. Не сум сигурен точно колку кола ќе се играат, ама веројатно не повеќе од шест. Ќе има два формата, standard и booster draft. Победникот добива 1000$ и покана за светското првенство во Мемфис во декември годинава.

Кога веќе почнав за MTG, официјалниот сајт деновиве е ре-дизајниран и изгледа многу подобро од порано. Во септември pre-release ќе има и новата едиција, Shards of Alara, од истоимениот нов блок. Деновиве на сајтот ќе има повеќе информации и спојлери за картите, па ќе пишам нешто повеќе тогаш. Битно, ќе биде огромно освежување за Magic: The Gathering, ќе има многу нови работи и едвај ја чекам.

August 28, 2008

Следење на блогови и сајтови од Dashboard-от на Blogger.com

Каква царска работа пуштија луѓево од Blogger.com денес. Можност за следење на блогови и сајтови преку опција во Dashboard-от! Веќе некое време не користам никаков RSS reader, па ова некако ми делува интересно и корисно.

Покрај тоа што може да се додаде URL, може и да се вметнат и feed-овите од Google Reader. Незнам на кој колку ќе му биде корисна, ама на мене ептен, со оглед на тоа што сум логиран на Blogger.com секогаш додека седам пред компјутер.

August 25, 2008

Дрогабол

Не знам како се случи, ама се навлеков на Dragon Ball. Ко дете мало, гледам по неколку епизоди дневно и веќе стигнав некаде до третата сага (изгледав околу 40 епизоди до сега). Детско аниме од осумдести, оскудно нацртано и анимирано, плитко сценарио и интересна приказна како основа.

Приказната почнува со малиот Гоку, чудно дете со опашка и неверојатна физичка моќ и потрагата по седумте змејски топки расфрлани по целата планета, кои кога ќе се спојат го повикуваат змејот кој исполнува една желба на тој што ги собрал. Потоа, се расфрлаат повторно на седум различни страни.
 

Оргиналнава серија што моментално ја гледам има вкупно 153 епизоди, поделени во девет саги. Немам намера да ги гледам сите, сакам да ѕирнам нешто и од втората серија, Dragon Ball Z.

Инаку порано ужасно ме нервираше цртанов, мислев е од оној калибар на Pokemon, такво комерцијално аниме што е повеќе реклама за играчки отколку цртан филм за деца. Не е. Не е најдоброто аниме на цел свет (Death Note е), ама не е ни најлошото. Проблемот е што е заразно, што веројатно се должи на сублиминални пораки што ми го перат мозокот...

August 23, 2008

Holy Bat-Blog!

Новиот блог на колегата Љубиша, посветен на Бетмен. Ова е првиот Бетмен блог на македонски јазик, каде што може да се најдат информации за стриповите, филмовите, ликовите и се останато што е поврзано со Бетмен. Исто така, има и линкови каде што може да се симнат Бетмен стрипови во електронска верзија.

Блогот е веќе наполнет со доволен број постови за почеток, а сигурен сум дека редовно ќе може да се прочита нешто ново. Кликнете на сликата горе и додадете си го блогот во букмаркс.

August 18, 2008

Hallowed are the Ori

Иако сум строго против нивното агресивно наметнување на фундаментална религија, Oрај се закон како раса и достојна замена за досадните Гуауалди, кои по осум сезони станаа повеќе од напорни. Само што ја изгледав деветтата сезона од Stargate SG-1. Со оглед на тоа што има големи промени во тимот, Камерон Мичел (Бен Брауер од Farscape) на местото на Џек О'Нил (Ричард Дин Андерсон си заминува) и новиот генерал Хенк Лендри, сезонава и не беше толку лоша.

Но, да продолжам каде што застанав со минатиот пост за Stargate SG-1. Значи, Мајкл Шенкс се враќа како Даниел Џексон со седмата сезона и инстантно го тргаат ликот што успеа да се вклопи во тимот - Џонас Квин. Премногу брза промена, можеле да го задржат за уште некоја епизода. Ако сум добро информиран, продуцентите не биле финансиски моќни да го задржат и Корин Немек (Џонас Квин), па затоа неговиот лик го тргнале од приказната. Седмата сезона има добри моменти, но поголемиот дел беше досаден со епизоди кои буквално нема никаков шарм и делуваа како да се таму колку да се исполни квотата и дваесет и кусур епизоди за цела сезона. Од друга страна имаше одични епизоди како "Evolution" или "Lost City".

Осмата сезона е врвот во Stargate SG-1. Ефектите стануваат многу поквалитетни, приказните се генијални, го победија главниот непријател, а самата серија одите во малку поинаков правец, бидејќи тука си заминува генералот Хамонд, а Џек добива унапредување и го завзема неговото место па SG-1 останува со три членови. Крајот на сезоната се две епизоди кои би ги ставил во десетте најомилени Stargate SG-1 епизоди.

Деветтата сезона е многу поинаква од тоа што досега го видов од SG-1. Има феноменален почеток, но тоа што следи понатаму е просечно, со исклучок на една-две епизоди. Новите актери и ликови се супер, со исклучок на Вала, кучка што ме курчеше дури повеќе од Весли Крашер во Star Trek: TNG и коај за жал ја има многу повеќе во десеттата сезона. Деветтава имаше океј завршеток, но одлучив да сопрам тука. Ќе ја оставам последната сезона за во иднина и ќе седнам да гледам Stargate: Atlantis онаму кај што застанав.

По речиси два месеци интензивно гледање Stargate, премногу ја засакав серијата и ликовите. Слободно можам да кажам дека ми е една од омилените десет серии. Некако се навикнав да гледам секој ден по најмалку две епизоди и сега ќе ми фали. :)

Во план ми е деновиве да го гледам и новиот филм Stargate: Continuum, па ќе пишам рецензија.

August 15, 2008

Why so mysterious?

Од тоа што до сега успеав да го прочитам по форуми, блогови, сајтови и што и да е друго, фановите на The Dark Knight би сакале да го видат The Riddler како негативец во следниот Бетмен филм, се разбира, доколку воопшто го има. Лично не би ми пречело, но незнам дали би можел да помине во "сериозен" филм како што беше The Dark Knight. Ликот ми е премногу стриповски за да би можел лесно да се оживи на филм. Да, Џим Кери беше Ејс Вентура meets Џокер во Batman Forever и беше ужасен.

Како и да е, налетав на постер направен од фан за евентуалниот трет филм, со The Riddler како негативец. Супер е постерот, само што изгледа како Џокер и Зодијак да го правеле (ч'кртаниот прашалник и криптограмите). Ама, на прв поглед е делува симпатично, нели?

Останува да почекаме уште некое време, сигурен сум дека за брзо ќе има некоја официјална информација. Во секој случај, би сакал да го видам Two Face пак.

П.С. Пост број 200. Машала.

August 11, 2008

Збогум Шеф!

Додека сеуште ми е тешко да поверувам дека завчера почина Берни Мек, ме спука вестта за смртта на Исак Хејс, соул легендата чијшто глас го слушавме со години во South Park. Почина Шеф. Колку и да бев разочаран од него поради причината за заминувањето од South Park, сега ми е страшно многу жал. Се надевав дека еден ден ќе ги смири страстите со Паркер и Стоун и ќе врати.

Замина уште еден голем човек годинава. Почивај во мир, Шеф.

August 10, 2008

Првиот број на Indiana Jones and the Tomb of the Gods

Нов Индијана Џонс стрип од издавачката куќа Dark Horse Comics која стои зад стрипови како 300, Sin City, Hellboy и уште многу други, меѓу кои и неколку Индијана Џонс мини-серијали. Првиот број излезе минатиот месец, вториот се очекува во септември а според сајтот на Dark Horse Comics сигурно ќе излезат уште два, со кои претпоставувам дека ќе се заокружи приказната во оваа мини-серија.

Првиот број го означува почетокот на потрагата на артефакт за кој се претпоставува дека датира од пред палеолитскиот период и е дел од кружен клуч кој отвара некаква порта (за која претпоставувам ќе дознаеме во наредните броеви). Дејствието е сместено во 1936, измеѓу првите два филма. Ги има сите детали кои го прават Индијана Џонс мојот најомилен лик, ги има Нацистите кои се состојката на успешна Индијана Џонс приказна и за да биде уште подобро, го има Маркус Броди, лик кој многу (од разбирливи причини, за) недостига во Kingdom of the Crystal Skull.

Приказната почнува брзо, без многу развлекувања и пишувањето на Роб Вилијамс е баш во духот на филмовите. Цртањето е на Стив Скот, автор за кој не знам баш ништо, ама можам да кажам дека типот владее. Mислам дека се работи за помлад артист кој сигурно може да очекува светла иднина во стрип бизнисот.

Ќе се потрудам да набавам и некои други Индијана Џонс стрипови додека излезе вториот број. Ако некој го сака во електронска верзија, клик тука. За програмче за отварање на .cbr фајлови, клик тука.

August 7, 2008

Uni39 на OGame

Додека се привикнувам на Скопјево (бев недела дена во Охрид) и се спремам за гледање на седма сезона Stargate SG-1, како и некои продуктивни работи за кои веројатно наскоро ќе пишам, случајно видов дека деновиве отвориле uni39 на OGame. Со оглед на тоа што немав асално играно неколку месеци поради нападите во декември лани, а и откажувањето на пола членови од алијансата во која бевме, се регистрирав пак.

Новиов сервер е отворен пред неколку дена, така што сега е фина прилика да се почне од почеток. Јас сум со ник Locutus, на координати 4:55:4. Во план е и алијанса, па ако некој е заинтересиран нека пише.