March 27, 2008

Indiana Jones and the Kingdom of the Crystal Skull (постер + трејлер)

Филмот кој требаше да се случи пред многу години, но никогаш не е доцна. Индијана Џонс се враќа на 22-ри мај оваа година! Мојот омилен херој од детството се враќа! Од толку многу филмови што ги чекам оваа година, најмногу му се радувам на овој. Знам дека не може да испадне срање.

Единствено ми е криво што не успеаа да го убедат Шон Конери да ја повтори улогата на Хенри Џонс, татко му на Инди.

За информации околу филмот, клик тука, а за трејлер клик тука.

March 26, 2008

Загревање за Iron Man


Читам Civil War и сфаќам колку го сакам Iron Man како херој. Пред ова, ги имав гледано само цртаните и ги читав Ultimate Iron Man. Во план ми е после Civil War да седнам и да ги читам поновите броеви од редовната серија на стрипот.

На почетокот на мај ќе се појави и Iron Man филм со Robert Downey Jr. како Iron Man/Тony Stark. Ептен го погодиле глумецот, очекувам филмов е добар. Трејлерот изгледа исто така ветувачки, може да се погледне тука. Има потенцијал да стане еден од најдобрите филмови снимени според стрип, нешто што ретко им успева на новиве филмови. (Daredevil, anyone?) Освен тоа, Robert Downey Jr. ќе се појави како Тони Старк и во The Incredible Hulk со Edward Norton, кој излегува исто така оваа година.

Инаку, Civil War е одличен серијал, со феноменална приказна и прекрасна реализација. Дури и Captain America, лик што некако сум го избегнувал до сега, ми стана интересен и ми е на листата за читање. Едвај чекам да видам што ќе се случи кога The Punisher ќе се појави во војнава. A, Spiderman никогаш не сум го сакал и мразел како до сега...

Брзо иде читањево, а некако сакам пополека да уживам. Ќе прочитам се наеднаш и ќе ми биде криво после. :)

March 23, 2008

Војната започна

Океј, Civil War заврши уште лани, ама за мене почна од денес. Ги набавив сите броеви од серијалот, плус поединечните броеви од редовната серија на хероите кои се вклучени во војната и почнав со читање.

Civil War e специјален кросоувер каде што Марвеловите херои се соочени со барањето на америкаската влада за регистрација на супер-херои. Значи, секој херој ќе мора да се регистрира, да го открие идентитетот и да работи за американската влада или за S.H.I.E.L.D. па дури и да е платен за тоа. Тоа е отприлика тоа што треба да се знае. Останато би било спојлер.

Торентот го има по интернет, со скенови од околу (хронолошки подредени) 100 броја, заедно со тоа што го спомнав погоре. Го прочитав воведот од The Amazing Spider-Man и Fantastic Four, за настаните кои водат до војната, и почнав со читање на серијалот. Ептен е интересно, ги има сите пошироко познати супер-херои како Spiderman, Iron Man, X-Men, Hulk, Captain America, The Avengers, Fantastic Four итн.

Деновиве ќе сум зафатен со ова, па ќе постирам нешто повеќе.

March 19, 2008

Ду нат лет ит сноу

Сабајле кога станав, мислев дека сум бил во кома неколку месеци. Снег? Во средина на март? Океј е кога ќе падне во декември. Ама, март? Што вика еден другар, нуклеарна зима од атомската бомба во Албанија.

Низ град денес беше како во ноември. Мокро, лигаво, ладно, смрдливо... Јас не памтам март да бил волку сјебан. Дер гоус пролетната идила.

Енивеј, морав да пешачам околу 30 минути од точката А до точката Б. 100% сигурен дека како град не можеме да се справиме со дожд, снег или слично. Некако ми е бесцелно ако спомнам, ама факт е дека секаде, на секои два метра има дупка/вдлабнатина, па вир, езеро, мочуриште и слично водно пространство. Веќе се навикнав да имам вода во патиките и да ме прскаат коли.

Си купив приконстрактед Saviors of Kamigawa дек. Ако за нешто најмногу ми е криво во врска со Magic: The Gathering, тоа е што ја пропуштив средината и крајот на Kamigawa блокот. Среќа, најдов во "Гоблин, последен беше, јебига, старо е ова три години. Расположен сум за купување/размена на стари Kamigawa декови/карти, па заинтересираните нека ме контактираат. Ако не, ќе се потрудам од интернет да нарачам нешто. Не ми се баш за играње, туку сакам да си ги имам ради ќеиф. Барем приконстрактед дековите.

Инаку, изминативе денови темплејтот на блогов тотално беше сјебан. Серверот каде што беа хостирани позадинските слики за сајдбарот, постовите и сл. Нешто имав зачувано, нешто досредив во GIMP. Сега е океј, се додека ги има на ImageShack, блогов ќе изгледа вака фино.

За неколку саата новата South Park, едвај чекам, ќе ја симнам сабајле. Моментално симнувам се отпочеток, DVD rip, ми скурчи од грдине .rm фајлови. Ќе можам асално да гледам South Park за некое време.

П.С. Bee Movie е закон.

Артур Кларк (1917-2008)


R.I.P.

March 14, 2008

Пролетна акција и слично

За мене пролетта почнува на први март, па макар и снег да врне. Иако овој март не е баш како што сакам да биде, сепак самиот факт што е март, некако ме разведрува и ми го подобрува расположението.

Деновиве ќе ја прославам и третата година од блогирање, иако мојот прв блог веќе одамна не постои (вториот е МакТрек, и моментално е во полу-живот, ама ќе живне наскоро). По тој повод (како не), решив малку да се посветам на сајдбарот на Crapwerk. Да, сајдбарот. Тотално сум заљубен во моменталниот темплејт на блогот што не би го менувал за ништо. Еве, во сајдбарот веќе некое време имаше листа на "статии на неделата", а од сега решив еднаш неделно да избирам пост што мене ми е особено драг, а е закопан некаде по архивите. Незнам дали некој воопшто копал по архивите на Crapwerk, не е ни битно, битно е што ќе се потрудам гомната кои сметам дека вредат, да испливаат на површина. Ете ја статијата на неделата, уредно објавена со слика, да боде очи. Категориите супер си работат, едно време се зезна скриптата поради некои апдејти на сервисов.

Конечно ја пробав World of Warcraft играта со карти! Не е Magic: The Gathering, ама ептен ме привлече, поради тоа што сум добро запознаен со Warcraft универзумот. Слично се игра, дури за некои работи е многу поинтересна од Magic. Има во "Гоблин" карти, 'starter' декови и слично. Ептен ради Magic не би можел сега да го одврзам ќесето, а сакам...

Кога сум веќе кај Magic: The Gathering, пред некој ден Wizards of the Coast на нивниот сајт го објавија дизајнот на еден од бустерите, заедно со 15 карти кои ќе ги содржи новата едиција, Shadowmoor.

Инаку, деновиве ми свири една забегана dark psytrance компилација што мора да ја споделам. Се вика "Kitab Al Azif", трибјут е на Лавкрафт, соработка е на повеќе издавачки куќи, содржи артисти кои изминативе неколку години растураат на транс сцената и најбитно од се - објавена е бесплатно на интернет, под Creative Commons лиценца. Може слободно да се превземе на овој линк.

Каков ден имав денес, не стигнав да гледам "Lost", сабајле ја симнав новава епизода. "24" четвртава сезона ми беше малку тапа на почетокот, ама ја навикнав, до пола сум, а петта сезона ми се симнува. После ова, мора уште еднаш "Death Note" да изгледам...

March 13, 2008

Почна новата South Park сезона

Со оглед на тоа што ми е омилена цртана серија, нема да сум пристрасен, и ќе кажам дека почетокот на новава сезона не беше ништо посебно. Солидна епизода, но далеку од она што се случуваше кон крајот на претходната. Не мислам дека South Park го изгубиле шармот и покрај единаесет сезони зад нив, напротив. Туку избрале тема која е веќе многу пати видена, што дури и во самата епизода алудираат на тоа.

South Park ми се најинтересни кога црпат инспирација од актуелните случувања. Имаше еден куп теми што сакав да ги видам, како на пример WGA штрајкот или Cloverfield, па дури и Rambo, ама тоа е тоа.

Знам дека Треј Паркер и Мет Стоун имаат сеуште да дадат, и верувам дека наредната недела ќе видам подобра епизода.

Сега во план ми да почнам да симнувам од прва сезона, зошто до деветта, ми се со лош Real Media квалитет. Првите неколку сезони ги има и со ДВД квалитет.

March 10, 2008

Kultur Shock (втор пат)

Уште кога ги гледав првиот пат на Таксират, сакав пак. Конечно ги дочекав Култур Шок по втор пат во Скопје! Само што се вратив од МКЦ, испотен, исшуткан и презадоволен од тоа што го видов и слушнав. Ми звучеа подобро од првиот пат, штознам, тогаш ми беа тазе, онака. Ги слушнав првпат кратко време пред да ги гледам во живо.

Култур Шок се од оние бендови кои се повеќе за во живо отколку за во студио. Прават атмосфера која ретко кој бенд што дошол кај нас успеал да ја создаде. Најбитно од се, имаат одлична комуникација со публиката.

Култур Шок се мулти-културен феномен од Сиетл, со членови кои доаѓаат од Босна, Јапонија, Америка, Хрватска. Свират панк/хардкор/ска/whatever верзии на балкански фолк песни. Еве го нивниот МајСпејс, во случај некој да сака да чуе нешто.

На крај се сликавме, муабетевме, земавме автограми и слично. Многу искулирани луѓе и тотално спуштени на земја. Риспект!

March 7, 2008

Крв, оган, смрт, куршуми и Рамбо

Не знам што очекувале тие што сереа за новиов Rambo. Да ја открие тајната за вечен живот? Да бараш издржани дијалози во Рамбо, е исто како да гледаш порно поради приказната.

Рамбо е за покољ и сеење смрт кај непријателот! Рамбо е за вадење грклани со голи раце! Рамбо е за стотици испукани куршуми во човечко месо! Рамбо е за човечко месо распрскано на сите страни!


Сталоне со филмов само ми докажа дека ќе треба да помине долго време за некој да може да им се доближи на хероите од осумдесетите. Со неговите 62 години, им го го покажува средниот прст на дупло помладите колеги. Криво ми е само за Шварценегер. Имаше уште да даде...

Новиов филм си е баш како што треба. Акција и ништо друго. Бара само исклучување на мозокот на некои 90 минути. Му фалат само две работи. Richard Crenna и музиката на Jerry Goldsmith, ама од оправдани причини...

March 5, 2008

Џeк Бaуeр e Зaкoнoт.


Ги изгледав првите три сезони од 24, и сега се спремам да почнам да ја симнувам четвртата. Серијава влезе во списокот на моите омилени серии уште при првата сезона (сега ја даваат и на една од нашиве телевизии).

Иако приказната не е ништо што до сега не сме го виделе по акциони филмови или серии, магијата на 24 е во форматот (секоја епизода е еден час од "денот"/сезоната). Самиот формат овозможува подетален развој на ликовите, сторијата и челичните јајца на Џек Бауер, кој прави Чак Норис да моча навечер во кревет.

Шала на страна, Кифер Сатерленд ме изненади. Како актер, го засакав од The Vanishing и Dark City, сега го обожавам.

Друга закон работа во 24 е појавувањето на познати фаци како Dennis Hopper, Daniel Dae Kim, Zachary Quinto, Michelle Forbes, Tobin Bell, John Terry, Jon Gries, итн..