Falling Skies е нова СФ драма, создадена од Роберт Родат (познат по
Saving Private Ryan и како типот што го пишува сценариото за
Warcraft филмот) и продуцирана од Стивен Спилберг.
Falling Skies следи мала група луѓе во Бостон, преживеани по инвазија на вонземјани кои ја разрушиле Земјата и испоубиле се што им застанало на патот. Приказната, која почнува неколку месеци по инвазијата, е најмногу сконцентрирана на Том Мејсон, професор по историја, и пензионираниот капетан Вивер, кои се дел од луѓето што ја предводат групата преживени и се обидуваат да се одбранат од вонземјаните кои се уште пристуни, и не доаѓаат баш во мир. Серијата е пред се драма, па така да повеќе гледаме како преживеаните се справуваат со ситуацијата, отколку со самите вонземјани, или како што ги викаат, Скитери. Во демолираниот Бостон едвај се наоѓа храна, вода, лекови, па дури и оружје и муниција, зошто и ова им е некакво основно средство за преживување на овие луѓе. Следуваат спојлери подоле.
Луѓето дознаваат дека Скитерите имаат заробено огромна група на деца, кои ги контролираат со помош на некакви биомеханички импланти, со цел градење на некаква градба среде градот. Имплантите се прикачени директно за р'бетот на жртвата и освен за контрола, служат и за комуникација помеѓу луѓето и нив. За биде позамрсено, Скитерите воопшто не се вонземјаните кои ја нападнале Земјата, туку зад целото стои скроз трети вонземјани кои со исти импланти ги заробиле и оние кои се познати како Скитери.
Речиси целата приказната е раскажана од аспект на луѓето, многу малку се дознава за мотивот на вонземјаните (добро, ресурсите се очигледната причина), за тоа што прават кога не ловат луѓе, за роботите што ги користат и слично. Најмногу ми се свиѓаше атмосферата, напнатоста која преовладува и нормално, Поуп. Поуп е најдобар лик, штета што не знаеле како подобро да го искористат. Другите ликови, горе-доле не се лоши, ама па и не оставаат којзнае каков впечаток.
Секако, Falling Skies не е совршениот СФ, меѓутоа е интересно и покрај дупките што ги има. Морам да кажам дека финалето малку ме разочара, зошто како што читав, требаше да испадне нешто невидено, нешто што ќе ме копка до следното лето. За жал, крајот на сезоната беше далеку од добар, да, беше неочекуван, неочекувано лош. Негде после осмата епизода, си развив некаква теорија за крајот, па повеќе се надевав дека ќе се дознае нешто повеќе за Скитерите, како на пример, да испаднеше дека тоа се уствари луѓето кои вонземјаниве ги киднапирале со години наназад, па оформиле армија, па блабла... Наместо тоа, Том Мејсон се предаде на "главните" вонземјани, за да го спаси син му. Да погодам, на почеток на втора сезона ќе се појави и он со имплант? Се до финалето, серијата беше супер...
Втората сезона дури следното лето, да завршеше оваа како што треба, да пцуев што ќе треба да чекам. Вака, ако ми текне догодина на серијава, може и ќе гледам.