Од последниот бета ивент што заврши вчера (требаше во петокот, ама продолжија), имам VIP клуч, што значи дека ќе учествувам во секое тестирање на RIFT до официјалното објавување на играта, во март.
Стигнав до 25-ти level. Конечно нова зона во играта, Stonefield, наменета за 20-30 левелирање. Исто така, достапни беа и два warfront-ови (или battlegrounds во WoW), наменети за PvP борби. Играта е значително подобрена од претходниот пат кога ја играв, а најмногу графиката, која мислам дека конечно се приближува до конечниот производ и го најавува вистинскиот изглед на RIFT. Покрај тоа, конечно може да се прават скриншоти во играта на нормален начин.
Првиот warfront е The Black Garden. Борбата се одвива на мала мапа, каде што на средина е сместен Fang of Regulous, артефакт кој играчите треба да го грабнат и да го чуваат што подолго, за тимот да добие поени. Фангот за кратко време го убива играчот кој го држи, па мора да има друг играч кој би го лечел или некој што би можел да го превземе фангот, откако играчот што го носи, ќе умре. Сето тоа треба да се одвива додека се држи противничкиот тим понастрана од фангот. Партиите се секогаш интересни, има добри борби на малиот простор и фракцијата која ја играм е најчесто победник. За жал, тоа не е случај со другиот warfront...

Вториот warfront e The Codex. Поголема мапа, поинаква стратегија и тотален рип-оф на Arathi Basin. Значи, до победа се стигнува со контролирање на одредени точки на мапата, вкупно се четири, со кои тимот кој ги држи, добива поени. Победува оној тим кој прв ќе стигне до 1000. Тука најчесто победува противничката фракција, The Guardians. Незнам зошто, ние играме прилично лошо тука. Наместо дел од тимот да ја чува точката што веќе е наша, сите се движат од точка до точка заедно, во група, без никаква стратегија, без никаков договор (четот речиси никој не го користи), туку секој гледа да направи убиство за да добие favor (тоа е ко honor во WoW). Толку ретко се победува тука, што јас едвај го завршив квестот, кој бараше пет победи во The Codex.
Тоа отприлика би било на кратко за PvP делот од играва. За PvE-то, ќе зборам во следен пост, за рифтовите, инвазиите и се она што ја одвојува играта од WoW и сличните ММО игри. Двете инстанци кои ми беа достапни не успеав да ги протрчам, зошто сеуште тешко се наоѓаат луѓе, иако на серверот имаше сигурно повеќе од 1000 играчи. Претпоставувам дека ова ќе го решат со некаков random dungeon систем во иднина кој автоматски ќе спарува играчи во група за одредена инстанца или рејд.
Види такоѓе: