February 29, 2008

Престапен пост

Следниот пост на оваа дата ќе го напишам за четири години. И онака е слободна темата, па еве го Боб Марли со "Them Belly Full (But We Hungry)". Одамна се спремам да го ставам ова на блог.



Инаку, новава "Lost" епизода владее, и серијава почнав да ја сакам како што ја сакав за време на првата и втората сезона. Овие неколку епизоди од четврта, потполно ги засенија досадните моменти од трета сезона. Серијата се врати на тоа што беше. Пред некој ден излезе и играта, па ако имам време ќе ја симнам и ќе ја пробам.

February 20, 2008

Пуф... Црна Нинџа!

Луѓево од WoWfusion серверот владеат! Пред саат време, сите на серверот се претворивме во црни нинџи. И тоа женски црни нинџи! Сите добија Black Ninja Costume што траеше 60 минути. Онака, чудно е кога од Blood Elf Warlock ќе се претвориш во ова. Кога викам ја дека приватните WoW сервери се закон.... :)

Направив некои скриншоти за спомен, еве три и тука.



Anu belore dela'na!

February 16, 2008

Најакционата слика на сите времиња


Секогаш ќе ми биде криво, што никогаш не ги видов заедно на филм, пример во Contra. Двајцата ми се херои од детството и секогаш ќе ми бидат.

Сликава горе е од премиeрата на новиот Rambo, четврт по ред. Го немам уште гледано, го чекам да излезе на ДВД, не сакам лоша кино-снимка или workprint.

February 7, 2008

Постерот за 007: Quantum of Solace

(кликни на сликата за поголема верзија)

Денеска се појави постерот за новиот 007 филм, што треба да излезе во ноември оваа година. По одличниот Casino Royale, очекувам многу од филмов. Знам дека нема да разочара. Бонд из бек! :)

Cloverfield низ десет точки

Не верувам дека кино-снимката ќе се разликува многу од DVD-то на Cloverfield, а и не е битно. Го најдов со задоволителен квалитет, но тоа најмалку ми пречеше во филмов. Во минатиот пост спомнав дека ќе биде катастрофа голема колку што суштеството ја прави во Њујорк. Бев сосема во право. Најсмешно е како J.J. Abrams дошол до идејата за филмов. Бил со синот во Јапонија, шетале низ продавници и кога ги видел Годзила (Gojira) играчките, сфатил дека и на Америка и треба слично чудовиште. Јас мислам дека доволно ќе биде и Годзила да им отиде таму, и да им покаже како се уништува град...


Да пробам да ги пренесам впечатоците од Cloverfield во десет точки:

1) Ова не е филм за чудовиште. Ова е филм за луѓе кои се обидуваат да преживеат напад на чудовиште. Трчање низ рушевини не е monster movie.

2) Ова е доказ дека лош филм може да доживее солиден финансиски успех со добар маркетинг. Ќе има и продолжение во 2009.

3) Начинот на кој е снимен филмот, е веќе виден во The Blair Witch Project. Ништо ново, и ништо интересно.

4) Зошто се обиделе да протнат љубовна приказна? Може ли еден Холивудски филм да помине без ова?

5) Чудовиштето, кое го имаше некои 30 секунди во филмот, "исфрлаше" некои мали суштества што личеа на Face Hugger-ите од Alien.

6) "Cloverfield" е лошо име за чудовиште кое изгледа како да излегло од блокчето за цртање на четиригодишно дете. Да, така изгледа.

7) Годзила јаде десетина вакви чудовишта за доручек.

8) Сакам да имам камера како таа што дечкото ја користи за да снима. Значи, со батерија која трае вечно, со SD картица што има бесконечна меморија и најбитно од се, што е отпорна на било што. Дури и на суштества кои можат да и ја откинат главата на Статуата на Слободата.

9) Филмов е правен по сличната "не објаснувај ништо"формула, како Lost.

10) Постерот е многу подобар од филмот. Радо би зјапал 80 минути во постерот, отколку повторно да го гледам филмов.

February 6, 2008

Dragonlance: Dragons of Autumn Twilight (цртанот)

Уф, колку бев возбуден кога дознав дека излегува Dragonlance цртан. Го симнав кога се појави по торентиве, дремеше изрежан скоро три недели, додека си го подесував расположението за гледање на нешто вакво.

Само што (пробав) да го гледам. Одамна немам видено нешто, до овој степен, очајно. Бедна анимација (ужасна комбинација на 2D и 3D), што дури потсеќа на нискобуџетните телевизиски цртани серии од типот на "The Magical Adventures of Quasimodo" (ја даваа пред десетина години на МРТВ). Синхронизацијата е исто така катастрофална, без разлика на тоа што еден од гласовите е на Кифер Сатерленд.

Dragonlance: Dragons of Autumn Twilight делува толку ефтино, што е чудно, бидејќи зад проектов стојат компании како Wizards of the Coast и Paramount Pictures.

Незнам ни јас зошто очекував толку многу. Самиот факт дека цртанов е direct-to-DVD издание, требаше да ми укаже на тоа дека нешто смрди. Да не зборам за тоа дека немаше скоро никаков маркетиг. Јас не памтам дека некаде видов реклама по интернетов.

Се надевам дека еден ден ќе видиме достојна адаптација на Dragonlance книгите. Цртаниов ми предизвика мачина во стомак, и не можев да го догледам до крај...

February 4, 2008

Промените доаѓаат...

...кога ти си Којотот, а факултетот е Брзата Птица Итрица.

January 31, 2008

Изгубените ќе бидат најдени

Не ми се верува дека дојде време за новата сезона на Lost. И покрај лошото финале на третата сезона, едвај чекам првата епизода од четврта сезона сабајле да се појави по торент сајтовите.

Се надевам дека извлекоа поука од тупењето во третата сезона, и дека ќе видиме нешто интересно. Форматот е сменет, ќе биде нешто како 24 серијата, значи дејствието ќе се случува во 'реално време'.

Очекувам конечно да видам некаков расплет и објаснување на мистериите што се накотија изминативе сезони.

* * *

01.02.2008 UPDATE: После осум месеци чекање, добивме досадна, просечна епизода. Нема ништо ново, повторно тапкаат во место и не мрдаат. Имаше неколку интересни моменти, но ништо посебно. Ќе ја чекам втората епизода следната недела.

Ептен ми се скрши филм. Со оглед на тоа колку го рекламираа новиов почеток, очекував бар малку повеќе...

January 27, 2008

Morningtide pre-release


Со една недела закаснување (беше одложено поради празникот минатиот викенд), конечно Morningtide pre-release турнирот. Кај што ми е криво што паузирав со Magic: The Gathering толку време, туку криво ми е што дури сега првпат учествував на ваква дешавка.

Со 75 рандом карти (tournament pack) + три booster-и излезе фин дек (со 40 карти), па планирам да играм слична комбинација во иднина. Нормално, најинтересно е што ваквите турнири се играат со нови, непознати карти, плус pre-release картата за колекционерите.

Во иднина (ако продолжам да играм, нормално), нема шанси да пропуштам pre-release. Следното вакво случување е дури во април, за Shadowmoore.

Планирав да направам неколку фотки од тоа што се случуваше во "Гоблин", само што се сетив на планот откако заврши. :)

January 25, 2008

Објавена (интернет) војна на Скиентологијата

Деновиве по интернетов почна да кружи видео од група која објави војна на култот кој со години цеди пари од неговите прврзаници, и сее смрт кај тие што се откажале.

Од пред неколку години почнаа да делуваат и кај нас, намамувајќи ги луѓето со нивните бесплатни стрес-тестови. Повеќе за ова, на овој линк. За среќа, не се толку распространети и мејнстрим, но се ужасно досадни и напорни.


Групата се нарекува "Anonymous" и се заканува дека ќе го уништи култот. Деновиве делуваат хакирајќи ги скиентолошките сајтови, а најавуваат и превземање на други радикални мерки, надвор од сајбер-просторот.

Иако ја поддржувам секоја акција на "Анонимните", не верувам дека ќе успеат да направат нешто поголемо од хакирање сајтови. Дури и се сомневам дека зад видеото стои некоја поголема организирана група. Веројатно се работи за некој измамен поранешен член, кој ги согледал последиците. Сепак, видеото имаше ефект, се крена прашина и верувам дека поголем број луѓе се информираа за негативното влијание на Скинетологијата и Скиентолошката црква.

Повеќе информации околу ова, може да се најдат на овој линк.

За малку ќе заборавев, кој не ја гледал South Park епизодата "Trapped in the Closet", да ја гледа што поскоро. :)