True Detective ми е стара љубов, а богами и болка. Замислена како антологиска серија која еднаш годишно требаше да го оплеменува телевизискиот простор со детективски приказни, се сруши сама врз себе после една сезона. Најмногу зашто таа прва сезона постави високи стандарди на секое поле. Од имињата на актерите чиј сиров талент го цедеше до последна капка, до впечатливата иконографија и визуелен јазик со кои раскажуваше за разноликите темни, песимистички човечки ќошиња.
True Detective никогаш не ми беше самиот детективски случај, туку ликовите. Тие беа месото со кое се хранев и често пати во првата сезона дури и ќе ја занемарев нивната професија. Втората сезона не ми се допадна воглавно зашто не успеав да си кликнам со новите ликови и начинот на кој актерите ги портретиира, па разочаран баталив после неколку епизоди. Не само ликовите, туку општо сѐ ми изгледаше некако раштимано, досадно и неинспирирано. За жал, не бев единствен со сличен впечаток. Реакциите на поголемиот дел од публиката ја "казнија" целата серија и сѐ до лани беше заринкана во продукциско лимбо.
Враќањето на True Detective со трета сезона ми беше чудно изненадување. Знаев дека некогаш ќе се случи, ама никогаш не бев целосно спремен. Дадов шанса на една епизода чисто од радозналост и на крај чекав недела за недела. Толку ми беше добра сезоната што за финалето нe ни бев загрижен дали ќе ме разочара или не. Квалитетот на епизодите што водеа кон тоа го искористив како амортизација. Тоа обично се случува со слични серии што ќе те наведат да чекаш одговори на прашањa. Може да уживаме во возењето ама не секој е награден со задоволството од крајната дестинација.
Третата сезона повторно има детективски пар што оперираа во јужњачки амбиент кој е тонално наштелуван да потсеќа на првата сезона и со визуелни мотиви кои се веќе синонимни за True Detective. Можеби времето што пројде од првата сезона некако одигра во полза на Ник Пицолато. Барем онолку доволно да препознаеш елементи од оригиналната еститика кои повеќе бележат омаж отколку евтинo рециклирање. Но, приказната е сепак многу различна од претходните, иако изгледа како да се издига од препознатлива основа.
Нема да навлегувам во детали околу самата приказна, ама ќе кажам дека сум презадоволен од понуденото. Ми требаше серија што се занимава со ликови кои вистински луѓе, а не картонски политички мотивирани испрдоци. Да почувствуваш како пренесуваат реални емоции, а не напорен состанок на група сценаристи. Понудено ти е да коегзистираш со овие ликови, па и да го решавате мистериозниот криминал заедно, а некогаш нарацијата дури и ќе откриеше нешто што ќе те ставеше тебе како публика чекор понапред.
Дури и упростената експозиција која во неколку наврати го има директниот придонес за ова е сосема занемарлива ако не очекуваш серијата комплетно од единствена перспектива да ти ги отплетка замрсените прашања. Серијата никогаш не се викаше True Detective поради целосниот приказ за размислувањето на детективите додека работат. Приметив дека разочарувањето од финалето кај дел од публиката е поради тоа - демек не си ја вршеле работата доволно добро или ние сме го виделе тоа. Јас цело време сум со впечатокот дека главниот фокус е тоа како баш таа работа влијае на луѓето инволвирани или што тие си носат таму од друго место. Заради тоа останувам да гледам. Има други детективски серии кои се занимаваат со проблематиката на професија, ако ти е веќе до тоа.
Махершала Али е во зенитот на неговата кариера и е вистинска чест овде да го гледаш како удобно се справува со истиот лик во наратив распостелен низ неколку различни временски периоди. Иако за неговата физичка трансформација голема заслуга сигурно има и шминкерскиот тим, остатокот е целосно Али. Бидејќи приказната постојано скока од една година во друга, лесно можеш да видиш за какво брилијатно глумчиште станува збор.
Изненаден сум и од Стивен Дорф кој како актер со помалку звучни наслови во резимето, постојано му парира на неговиот пореномиран колега. Дорф дефинитивно заслужува да се носи со големи улоги и искрено се надевам дека иднината ќе му биде понаклонета. Исто така се пријавувам да предводам бунт доколку перформансот на Скут МекНири во оваа сезона остане ненаграден. Мислам дека конечно дојде време да го добие Емито што му кидна со Halt and Catch Fire.
Не верувам дека ова што се случи во третово поглавје би можело да успее уште еднаш. Сега некако пројде, ама доколку се случи четврта сезона уште следната година тогаш очекувам да ја раскине папочната врвца со првата. Не сум сигурен дека формулата ќе истрпи уште една употреба. Како антологиски формат не смее да си дозволи толку лесно да се потпира на исти штосови, туку да понуди нешто различно. Нешто како отстапката на втората сезона само посмело и порафинирано. Баш ме занима дали Пицолето има некоја тајна замисла и капацитет да го исполни ова. Oд мене шанса како публика ќе има секако.