Пробав да го гледам пак, после повеќе од 12-13 години. Пробав, да, затоа што не издржав ни 30 минути. Единствената добра работа во врска со Super Mario Bros. филмот, е тоа што ме потсеќа на детството, кога целиот живот ми се сведуваше на киснење пред телевизор и кршење прсти на Нинтендото. Останатото е фецес од диносауруси, кои на многу лош начин се претставени во ова 100 минутно сквернавање на една од најдобрите игри на сите времиња.Без оглед на актерските имиња кои се застапени тука, филмот е катастрофален. Од приказната, сценариото, реализацијата, па дури и лошата и ефтина глума. А, ни сам незнам како поинаку би се филмувала игра каде што главниот лик скока, голта печурки и расте. Блиску до тоа е анимираната серија, која барем малку е поблиску до игрите.
Иако Super Mario Bros. е првиот филм снимен според игра, слободно ќе кажам дека е најлошиот. Да напрaвиш филм за Супер Марио, е исто како да напишеш роман базиран на Тетрис.