Тоа што мислев дека добро сум си прошол на Jurassic World ме однесе во кино нa Jurassic World: Fallen Kingdom. Постот што сум го напишал пред три години баш и не се поклопува со моите сеќавања. Доколку првиот Jurassic World беше филмот што не успеа да ја пркне франшизата, тогаш Fallen Kingdom е дефинитивно астероидот што ја уништи секоја нејзина идна шанса. Сигурен сум дека после ова двочасовно измачување лишено од секаква креативна мисла, логика и кохеретност, патот назад ќе биде многу потежок.
Концептот на Jurassic Park и онака само еднаш функционираше беспрекорно. Следните две директни продолженија можеби и не беа баш најсјани, ама беа далеку од навредливо лоши. Дури и Fallen Kingdom почнува сосема океј. Паркот е уништен и затворен, диносаурусите се уште на островот, ама вулканот што го дели островот со нив баш сега решил да се активира. Секако, има иницијатива да се префрлат диносаурусите на побезедно и секако не е баш така како што изгледа и секако ќе се распукам со спојлери надоле зошто филмот е и онака доволно расипан.
Првите дваесетина минути се сериозно забавни. Приказната за жал го губи моментумот кога Крис Прет ќе почне да бега од лава и од тука некаде Fallen Kingdom почнува да си сере гомна од тираносаурус врз себе. Тоа патем се прилично големи гомна чија величина морав да ја истражам пред да ја искористам референцава. Филмот има досадна одредена траекторија по која се движи без оглед на она што го прават ликовите. Понекогаш и целото дејствие ќе сопре само за се случи некоја сцена за која некој одлучил дека ќе се најде таму. Не е проблем, армија од триста вооружени бараби ќе почека додека скришно се одвива диносауруска трансфузија.
Доколку филмот беше само едноставно префрлање на диносауруси од еден остров на друг, сигурен сум дека ќе имаше постегната целина. Тензијата тогаш би дошла од евентуалните неприлики по пат, нели. Џиновски монстурми се, толку многу може да тргне на лошо. Пред да дознаеме дека има клише злобен негативец филмот воспоставува дека преместувањето ќе биде нелегално зашто државата не се грижи за проблемите на приватна компанија. Сосема доволно, дури и возбудливо. Група ентузијасти преместуваат ебени диносауруси од точка А до точка Б додека бегаат од полиција.
Но, не. Мозокот на операцијата не ги преместува никаде, туку сака да ги продаде нелегално на сомнителни богаташи охрабрувајќи ги да милитаризираат. Буквално има аукција на диносауруси во Fallen Kingdom. Истиот тој злобен негативец нема никаква причина да го прави тоа што го прави. Веќе располага со доволно пари за три животи бидејќи е здружен со безобразно богат лик кој е ретроактивно уфрлена Џон Хамонд фигура, а целата операција која води до аукцијата изгледа како да чинела повеќе од евентуалната негова заработка. Не ми сметаат негативци со глупави мотиви, ама ме нервира кога тие мотиви се комплетно логички непоткрепени.
Филмот не се воздржува ни од стереотипен Русин, додека паралелно приказната има двајца идиоти актери кои се пристуни во филмот само поради диверзитет. Да не беше тажно, ќе беше смешно. Крис Прет изгледа како да му е интересно тоа што го прави, дури и кога пука под вода со пиштол во стакло, ама да речеме дека е професионалец, иако можеби не го прочитал целото сценарио каде што диносаурус влегува од кров на куќа во прозор.
Можеби само треба да помине време. Едно десетина години сигурно. Кога ќе ми проработи носталгијата и мозокот ќе ми биде доволно оштетен од следните лоши филмови за да можам да најдам некаков забавен фактор во Jurassic Park: Fallen Kingdom. Можеби тогаш ќе се покаже шармот на овие апсурдности.