January 19, 2007

Стрип: Ultimate X-Men

Само што го дочитав последното она што го имам од овој неверојатно добар серијал. Јас имам 71 број + annual #1, а ако не грешам, вкупно се излезени околу 80 броја до сега.

Ultimate X-Men е сместен во Ultimate Marvel универзумот, некој вид на римејк на оргиналниот универзум, направен за да ги привлече новите генерации на стрип.

Приказните во Ultimate X-Men се слични на оние од оргиналните стрипови, нормално тука се и истите ликови, плус-минус. Да бидам искрен, Ultimate X-Men ми се допадна МНОГУ повеќе од Uncanny X-Men. Uncanny X-Men, несомнено биле добри во '60-ите години од минатиот век, но денес не се. Бар на мене не ми се. Не ми се допаѓа како се нацртани, а баш тоа ми е најбитно кога читам стрипови.

Ultimate X-Men е сместен во модерно време, речиси исто како нашето.

Ликовите се добро разработени, така што нема голема потреба од познавање на претходните серијали. Како што кажав, се работи за одличен римејк. Немам никакви забелешки, освен тоа дека Pyro никаде не го видов до сега, и тоа што Nick Fury е црнец.

И да, конечно добив одговор на прашањето "Како е можно Rogue да има секс со некого без да го убие?".

Сега ќе гледам да си ги набавам останатите броеви што излегоа последниве месеци, како и редовно да ги следам тие што ќе излезат. Инаку, имам и некои хрватски изданија од стрипов... ако ви текнува, имаше некаде во 2005 низ трафикиве. После десетина броја престанаа да носат. Срамота. Толку никој не чита стрипови?

Додека да набавам тоа што ми фали, ќе се обидувам да читам мисли, да манипулирам со магнетизам, како и да пробувам да извадам канџи од адамантиум од рацеве...

January 11, 2007

Последен лимит

На 02.02.07 (педерска работа, мамата!) ми истекува две-годишниов договор со МтНет. Месецов, колку и да го стискав шупаков, денес го истрошив последниот килобај од оние црни 4GB дозволен интернет сообраќај. Деновиве се мислев, откако ќе помине, да пушам eMule или uTorrent да си бркаат работа до крај на месецов... што бе, 64kbps, ама нека се симнува.

Се мислев што да биде она што еМулето ќе го отпичи за последен пат. Во изминативе години станав најголем пират у маало. Абе незнам филмови, серии, музика, стрипови, што се' не... па летово ми цркна хард-диск, немав бекап, отиоа 30 гига филмови/серии/музика/стрипови, сосе други мои битни ствари. Океј, тоа е сосема друга приказна.

Симнав доста работи, и се мислев што уште останало. Океј, останало уште многу што сакам да ми се најде во колекција, ама знам дека можам и на друго место да го најдам. :)

Пред неколку саата се решив. Бојан, фала за препораките. :) Симнувам стрипови... Marvel Zombies, Marvel VS. DC, некои Batman мини-серијали... нека шиба ова до крај на месецов. Што се симне се симне. Па, за после ВториВтори, ќе имам друг проблем на ум - каков интернет ќе користам?

Marvel Zombies би требало да е добро стрипче. Marvel суперхероите, ама зомбифицирани, во некоја паралелна реалност or something. Нека се симне, ќе го читнам, па ќе пишам тука...

January 6, 2007

Battle City

Една од моите омилени Нинтендо игри. Ја играв пред некој ден на Нинтендо. Братучед ми има Нинтендо.

Значи, контролираш едно тенкче (се игра и со двајца), и целта е да ги уништиш 20-те непријателски тенкови. А нивната цел е да те уништат тебе или твојата база. Со двајца кога игравме порано, еден идеше да ги тепа непријателските тенкови, а друг ја чуваше базата. Инаку, има и "трепкави" непријателски тенкови, кои даваат разни појачувања и животи.

Тоа што тогаш ми беше најинтересно, е map editor-от. Креиравме наши стази, нормално орелчето во базата ќе го заштитевме со тие белите блокови, што неможеа да ги уништат непријателските тенкови. :) Или па цела стаза со цигли, и потсеќаше на Digger. :)

Играва инаку е од 1985, а деновиве открив дека имало е некоја постара верзија, Tank Battalion.

Battle City се наоѓа и како rom за NES емулатори, мада филингот е на вистинско Нинтендо. Повеќе за играва - тука.

January 3, 2007

Дај нека помине...

Можеби отсуството на празничната еуфорија пред Нова Година го направи крајот на 2006 таков каков што беше. 95% од луѓето со кои правев муабет пред и после 31.12 рекоа дека воопшто не се осеќале како да било "Нова Година". Дали потоплава клима (во споредба со други зими, да, топло е), и недостатокот на снег се погрижија за лошото (пред)новогодишно расположение, незнам. И порано немало снег, па сме се веселеле, нели? :)

Океј, ајде да не зборам во името на други луѓе, иако делиме исто мислење во однос на празнициве.


Едвај чекам да можам пак да шетам по мојата улица без да ги гледам глупавине шарени сијалички што ја свират Џајант Болз.. овај, Џингл Белс.. Секоја втора куќа има сијалички во дворот, по терасите, по прозорите. Што е ова? Факинг Крисмас Таун?!


Едвај чекам да поминат празнициве и да се врати се во нормала. Да се отрезнат луѓево, и да функционираме како порано. И конечно децава да се стишат со петардите.

December 27, 2006

Дамбо психоделија

Сигурно на повеќето ви е позната култната сцена од Dumbo цртанот. Она, кога Дамбо ќе се начука, и ќе почне да халуцинира како да е на LSD. Розеви слонови, играат, пеат скокаат, и тоа е толку ебено језиво направено, да ја тогаш како мало, невино, незаштитено дете, имав трауми некој одреден период.

Сцената е тешка психоделија, незнам ја на што дроги биле луѓето што го праеле ова. Нормален, трезен човек не прави вакви работи. И ден денес имам кошмари после гледањето на сцената со ебените розеви слонови. А за тоа музиката колку е забегана, ич не праам муабет...

Вакви мрднати работи имам гледано само во старине руски цртани. Ама, за тоа, во друга прилика.

П.С. Ако имате муда, кликнете ТУКА.

December 23, 2006

Clerks II

Првиот Clerks (1994) е еден од најдобрите филмови што некогаш сум ги гледал. Без разлика што правењето на филмот коштало околу 50,000 долари (27,000 за правата за саундтрекот + 26,000 за останатото), Kevin Smith со тие малку пари има направено феноменален филм, со ненормални ликови и кул идеја за приказна.

Оваа година излезе и вториот дел на Clerks. Нормално, со поголем буџет. :) Clerks II е супер филм, но не е толку добар како првиот. Искрено, очекував да има преџвакување на стари финти од првиот дел, ама згрешив! (како можев да посомневам во еден од најдобрите режисери у свет!?!?)

Што се случува во Clerks II? Данте и Рендал, и после толку години работат во истото дуќанче од првиот дел. Арно ама, се случува тоа што случува (нема да го откријам тоа, сами гледајте!), и завршуваат во ресторанот за брза-храна, Mobby's. Ресторанот се појавува и во Dogma, исто така филм на Кевин Смит. Нормално, пред ресторанот се Џеј и Сајлент Боб. :)

Има некои нови ликови како шефицата на ресторанот, и вработениот што е навлечен на Lord of the Rings и The Transformers.

Очекував многу повеќе од филмов, повеќе ликови, повеќе хумор... Е, сеа, да. Има некои ТОТАЛНО ЗАБЕГАНИ делови од филмот, како на пример Kinky Kelly, и плус уште некои, ама можам на прсти да ги набројам. Од првиот дел памтам каде-каде повеќе сцени/реплики. Ќе беше многу бољи Џеј и Сајлент Боб да бидат повеќе застапени у филмот, ама јебига. Верувам дека Смит знаел што прави...

Во секој случај, филмот би им се свиѓал и на тие што не го гледале првиот дел. Сепак, препорачувам да го гледате првиот пред да го гледате овој.

Линкови: 1) Clerks II на IMDB 2) Clerks II на МФФ

December 14, 2006

Агентите 007

Како голем фан на 007 серијалот, со нетрпение го очекував следбеникот на ужасниот Die Another Day. Долго време се шпекулираше за тоа кој ја добие новата "дозвола за убивање". Искрено, се надевав дека ќе биде Hugh Jackman, и сеуште мислам дека ќе беше совршен избор, но се случи тоа што се случи. Изборот падна на Daniel Craig. Фановите имаат поделени мислења, а јас спаѓам во онаа група на која што Craig не и е баш најсимпатичен избор.

Како и да е, ќе го гледам Casino Royale кога ќе излезе на ДВД, бидејќи ми се превртуваат цревата од лоши кино-снимки. Тогаш ќе видам дали навистина го бива Craig или не.

Еве, мој личен осврт на претходните 007 агенти. Немам фаворит, бидејќи сметам дека секој беше добар на свој начин.

Sean Connery - според многумина, најдобриот и единствен Бонд. Конери направи одлични Бонд филмови, постави одредени стандарди и засекогаш ќе биде запамтен по оваа улога. Го сакам како актер, како Бонд, и нема промашено ниеден од неговите Бонд филмови.

George Lazenby - сними само еден филм. Лично, ми се допадна On Her Majesty's Secret Service, и Lazenby како Бонд. Не знам зошто не успеа да сними бар уште еден филм.

Roger Moore - иако не изгледаше како оној Бонд што го претстави Конери, Мур ги сними моите омилени 007 филмови. Има посебен шарм, смисла за хумор и го претстави Бонд во малку поинакво светло. Одличен Бонд!

Timothy Dalton - добро, зошто никој не го сака Тимоти Далтон?! Според мене, се покажа феноменално како Бонд, двата филма со него беа сосема океј. Требало да му се даде барем уште еден филм.

Pierce Brosnan - Бонд на мојата генерација. Имаше Бонд фаца. GoldenEye е еден од моите омилени филмови. Според некои, најдобар Бонд. Дури подобар и од Конери. Ама што да правиме што последните два 007 филмови со него, не беа како што треба? Не е он крив, туку сценаристите и режисерите.

Намерно ги испуштив актерите од неофицијалните и телевизиски верзии на Casino Royale, бидејќи овде збориме за "официјални" 007 агенти.

December 6, 2006

Counter Strike, пак?!

"На малото кровче... еееее, бомба... пеер, репетирав... да ти ибам маусот... Горгон, све ти ебам... еееееј, шо играте педерски со штитови бе... кај заложниците, кај заложниците... сега ќе ти ебам матер... у тунелчето се... ауууу... чичко Тоше, не ти сече ножов... кај пазарче се бе сите... еее, у малиот пролаз... у, да ти ибам, пак го купив ова глупово... Горгон, никад на журка да не отидеш.... чекај бе, пеер, контроли местам... еее, нема со снајпери, бе пеер..."

Counter Strike играв активно пред некои 5 години. Летово играв два-три дена, ама онака... Вчера и денес, еден другар (Пајче, поздрав!), не прибра кај него у играчница, скиснуваме од полноќ па до 03:00-04:00 сабајле последниве два дена... Сеа се вратив... Се собра дел од страта екипа што игравме таму некаде 2001-2002. Останатите се осеќаат престаро за игри, кој на работа, кој се пресели у друга населба, на друг му скурчило од Кантер... Додуша и мене ми беше скурчено, се додека не ја заиграв 1.6 верзијата.

December 4, 2006

Таксират 8 Aftermath

Покрај сите СРАЊА што ми се случија неколку саата пред и после Таксират, еве, се спастрив и седнувам да пишам една рецензија. Морам да напоменам дека на Таксират отидов максимално изнервиран, така да ќе дадам се од себе да не ја вметнам таа нервоза во онаа која ми ја приредија некои од изведувачите на овогодинешниот Таксират.

Значи, како и обично, се нацртав таму уште пред 19:00. За среќа, не каснеа многу, и влеговме во празната сала. Приметив дека голема толпа на луѓе е собрана кај еден шанк. Се тепаа да земат гага маици. Нормално, и јас ко лакомо копиле земав, но откако толпата се разотиде. :)

Бев во првата хала, и се каам што не си земав блок-карта, ама нема везе, затоа се досадував/нервирав неколку саата... Одиме со ред:

BllaBllaBlla
- ги гледам по не знам кој пат, и се досадни како и секогаш. Можеби си имаат своја публика, но мене воопшто не ми се интересни и забавни. За среќа, траеа кратко.

Обојени Програм
- досадно, ужасно... свиреа околу 45-50 минути. Траеше ко цела вечност. За среќа, си фатив ќош од халата, и се одседов таму, пушејќи цигара по цигара.

Van Gogh
- првиот пат кога ги гледав, умрев од досада/нервоза, бидејќи отвараа за Metallica во Белград. Е, сеа да ти ги стаат Van Gogh саат време пред Metallica, нема да умреш од досада?! Инаку, ги сакам Van Gogh. Ми се свиѓаат, и имаат стварно некои добри ствари. Се нацтав што поблиску до бендот. Ги свиреа Mama, Vrteska, Da li Zna, Spisak Razloga и плус уште некои. Јас ги чекав Opasan Ples и Neko Te Ima. Од првава го отсвиреа само рефренот, и тоа во некоја глупа верзија, додека Neko Te Ima, ја имаше во 2-3 верзии...

Iggy Pop & The Stooges
- Ристо Вртев излезе и го најави. Имам некоја доза на почит за Иги, ама неможам да му ја поднесам музиката. Отидов напред, колку да го видам што има да понуди. Првите 2 минути беше интересен, поседовме со друштвово некои десетина минути, и се вративме со нашиот ќош од халата, седејќи кај парното. Тој саат и пол на Иги беше најдосадниот од цел Таксират. Звучеше како една иста песна да свири цело време. Не ја изведе песната која е единствена што ја поднасам - "The Passenger". Заклучок: Иги е досаден колку што е стар!

Kultur Shock
- Признавам, ги дознав кога беа најавени. Описот ми беше интересен, симнав еден албум, па друг, па трет... бендов ме освои на прво слушање, и бев сигурен дека ова МОРА да се види во живо. Не знам како да го дефинирам стилот на Култур Шок, свират преработки на балакански изворни песни, во некои рок/панк/метал верзии, нормално задржувајќи го изворното. Им ги знаев сите песни, а приметив дека помалку од 10 луѓе ги знаеа. Ги спичија Romana, Horse Theif, God Is Busy - May I Help You, Nadija, Nano Mi Hermano.... дури и беа викнати на бис (Иги не беше, ХА!), и ја отсвиреа мојата омилена - Hashishi! Според мене испаднаа поголеми ѕвезди од Иги... Публиката скокаше, се шуткаше, се играа ора и чочеци... абе лудница! Единствено нешто што ми беше позитивно овој викенд, беа токму Култур Шок.

Се на се - најслаб Таксират на кој сум бил. За наредна година, ќе мора да има повеќе од еден добар изведувач за да отидам.

Се надевам дека некој ќе има живци да ја прочита исцрпнава рецензија. :-)

П.С. Во многу рецензии за Таксиратов сретнав дека Kultur Shock ги пишуваат Culture Shock. Епа, не се пишува така. :-)