February 18, 2011

RIFT Beta Петок


Денес го бутнавме босот на Death инвазијата во Scarwood Reach, Terrovex. Досега немав налетано на него. Ова е најтешкиот бос што до сега сум го сретнал во Telara. Ни требаа некои 15-20 минути за да го убиеме, има 975K HP, а згора на тоа во неколку наврати доаѓаше и другата фракција, The Guardians.

Е, вакви работи во RIFT ја прават играта најдоброто ММО моментално. Ова е последната бета, играта е многу подобрена во последниве два месеци. Се надевам дека ќе има уште едно мало полирање пред да излезе официјално, да средат одредени багови, и веројатно уште некој филтер за графиката. И вака е добро, само што мислам дека ова не е конечниот производ.

Инстанците (Iron Tomb и Deepstrike Mines) ги пробав вчера, супер се, не се само tank и spank, мада не би можел нешто повеќе околу ова, зошто ги трчав со 32 левел, а наменети се за помали. Сега остана уште една, веројатно викендов.

Yes, it is.

5 comments:

Losteech said...

Ептен личи на WoW.

Бојан Николов said...

Механиката е потполно иста, дури и зоните се слични. Само што некако е посвежа и мазна. :)

nikola said...

poise lici na warhammer

Unknown said...

Ме интересира како ќе се игра играва кај нас откако ќе излезе од бета. Може некое подетално инфо? Ќе се продаваат кодови за месечна претплата или како? Единствена причина поради која не играм p2p игри е недостапноста или неинформираноста како да се претплатам...Знам дека за WoW кодови се продаваат во Југотон во Скопје, но што е со оние што не живеат во Скопје? Просветлете ме :) Поздрав

Бојан Николов said...

@Rifter,

Играта ќе се наплаќа месечно, излегува на први март, а нешто претходно ќе има head-start за оние кои ја нарачале порано.

Месечно ќе биде 15 евра/долари, во зависнист од тоа дали ќе играш на US или на EU сервер. Е, сега, дали ќе има картици кај нас, незнам, ама може да се нарачаат од нет со кредитна.

Повеќе инфо на: http://www.riftgame.com/en/preorder