Го следам Блогерајот од самиот почеток. Пред тоа, а и сеуште, го користам сервисот на Blogger.com
кој комплетно ги задоволува моите блогерски потреби. Мојата приказна на Блогерај, почна минатата година.
Идејата за македонски блогерски сервис е феноменална. Реализацијата, може и подобро. Додуша, колку што можев да приметам, во почетокот се си функционираше нормално, се додека не настана промена на поставата која го одржуваше Блогерај. Како и да е. Нема да тупам за тоа што било, туку за тоа што е сега.
Кои се, според мене, главните проблеми на Блогерај? Океј, ова си е мое мислење, знам дека не сум компетентен да зборам, ама ќе си кажам. Како што растеше популарноста на Блогерај, доаѓаа се повеќе и повеќе нови луѓе, нови блогови и слично. Дојде и една голема маса на луѓе, која начека бесплатен веб-простор и навали со својата ретардираност и злоупотреба. Ова е проблемот на самите луѓе, не на Блогерај, но нели, заедницата ја прават луѓето. Ретко кога може да се прочита нешто квалитетно, корисно и интересно, нешто што ќе го задржи вниманието на читателот да го посети истиот блог повторно. За жал, се наоѓаме на сервис каде што секој сака да блогира, без разлика дали воопшто го знае значењето на терминот “блог” или не. Знам, не сум тој кој што треба да каже кој знае/не знае и треба/не треба да блогира, ама ете, да си изнесам што ми пречи. Како и да е, одамна престанав да обрнувам внимание на ова. Останати се малку асални луѓе што пишуваат овде, така што, моите омилени македонски блогови се на некое друго место. Квалитетот е опаднат, и тоа е тоа. Толку за луѓето, за повеќе, разгледајте 90% од блоговите.
Функционалноста е друга приказна. Има некои работи што воопшто не работат кај мене (Google Analytics), некои скрипти неможат да се убацат во HTML кодот (ги класифицира како сомнителни), има неколку други ситни багови, неможност за измена на некои наслови во полињата на блогот, како на пример она, блог-пријатели (океј, може, али треба неколку линии код да искуцаш), недостатокот на категории и неможноста за додавање свои (ко што е labels на Blogger.com). Има уште, ама ме мрзи сега. Повеќето од овие работи што ги набројав не ми ни требаат, се може и без нив.
Ако некој некогаш реши да направи нешто за Блогерајов, имам неколку предлози. Нови темплејти. Досадни се веќе овие што се тука, а многу малку блогери (бар тие што јас ги читам) имаат уникатен изглед. Не сакам да споредувам со БлогерМК, ама стварно имаат подобри темплејти. Треба да се решат некои ствари како проблемот со најавување, кој некогаш се јавува и без никаква причина.
Најпозитивната страна на Блогерајов, е самата блог-заедница, ако може така да се нарече. Дури и најлошиот блог си има своја публика, и кој да му го плука/фали блогот. Има прилично добра комуникација меѓу блогерите, некои блогови си имаат свои редовни читатели, и еден куп потенцијални.
Пак ќе се навратам на содржината. Освен тоа што 70% од блоговите се слични, повеќето почнуваат со шаблонски прв пост, па имаме дури и апел за оставање на коментари (ajde sega da pi6ete komentar4inja), меѓусебно линкање од типот на “ако ти мене, тогаш ја тебе”, блогови кои рекламираат нешто, блогови кои имаат еден запис кој зборува за сексуално општење со близок член на семејството на X, блогови за иста тема кои сите се со никаков квалитет и така натаму... Ме мрзи да набројувам.
Инаку, на што се смеам највеќе. На тоа како нашите блогери се палат на бугарите и нивната пропаганда. Мислам, “кои се они бе така на наш сервис”? Чекај бе, ти брани некој да идеш на нивен блог-сервис/форум/што-и-да-е и да сереш? НЕ! Слобода на говорот, ок? Ти што си ретардиран никој не тe прашал што бараш тука. Во контекст на ова, има и такви што се жалат дека биле цензурирани. Да , Трендо нема друга работа, па ќе ве цензурира. Вас, опасните блогери, заканата за Блогерај, Македонија и човештвото! Најверојатно се работи за некаков баг, кој ете, случајно се појавил во тој момент, или па ако не сакал да ви се објави (цензурираниот) текст, сигурно се дисконектирала интернет врска, и сесијата во која сте биле најавени прекинала.