April 14, 2010

Lost 6x12 - Everybody Loves Hugo

Сите го сакаме Хуго, тоа е точно, нели?

Можеби не сите, ама барем јас очекував филер епизода ноќеска. Од почетокот на сезонава тераа така. Една добра епизода, со одговори на прашања и расплет на настаните и една филер колку да ја држи публиката во неизвесност до следната недела. По епизодава, очигледно е дека нема веќе филери.

Епизодава врати некои стари ликови како Либи и Мајкл. Либи живее во алтернативниот универзум и има сеќавања од несреќата на Oceanic 815 и Островот, додека Мајкл е на Островот во некоја не-толку-физичка-како-што-изгледа форма и го советува Хуго да не ги следи предлозите на Ричард. Сите ги памтиме шепотењата меѓу дрвата во првите сезони и конечно тука добивме одговор за нив. Тоа биле гласовите на оние кои се мртви, но не успеале да го напуштат Островот. Како и зошто, ќе дознаеме многу скоро.

Хуго во алтернативниот универзум го оствари планот за состанок со Либи и почна да се сеќава на настаните на Островот. Дезмонд веќе знае за двата универзуми, а на крај од епизодата мислам дека и на Лок му ги врати сеќавањата. На Островот, го видовме бунарот со тркалото и како Флок го бутка Дезмонд внатре. Дезмонд е клучниот лик моментално, единствениот кој свесно постои во двата универзуми и неговата прикзна не завршува на дното од бунарот. Ќе го гледаме Дезмонд до крај. Освен ако не се случи нешто како со Илана. Никој не го очекуваше тоа, нели?

Да, и пак се појави детено што Флок упорно го игнорира и е веројатно малиот Џејкоб.

Следните пет епизоди ќе бидат најдоброто што ќе го видиме од серијата, настрана од финалето. Има промо за следната епизода, нешто пак се дешава со бунарот, веројатно ќе се објасни како точно функционира.

No comments: