Стигнало Ubuntu-то денеска, што го нарачав пред скоро месец дена. Сега видов, и само што го отворив пакетчето (види слика). Два диска, плус налепници. Супер е вакво нешто, особено ако имаш лош ден како денешниов.
Ќе го пробам live CD-то после, а деновиве да најдам време, ќе го инсталаирам и ќе го пробам како што треба. Криво ми е openSuSE што ќе треба да го тргам, ама тоа е.
Се надевам дека ова Ubuntu е подобро од минатото, од кое сеуште ги чувам дисковите што ми ги пратија. Читав ептен позитивни рецензии, а гледам дека се поголем број на корисници се имаат одлучено за оваа дистрибуција. Сепак, додека не проверам сам, не зборам ништо.
Доколку некој сака бесплатен Ubuntu Linux, нека го посети овој линк.
10 comments:
Го чекам и јас веќе 2 недели. Значи уште толку.
:)
Но не верувам дека ќе го инсталирам. Со прошлиот пакет што ми стигна т.е. со претходната верзија при инсталацијата не прочитав убаво и за малце [да не ја прекинев на време] ќе го форматирав по грешка цел HDD. Уствари факт е дека го сјебав и windows и се' но успеав шуќур да си ги зачувам податоците. :S
Па носење после кај другар, па додека ги префрлам на DVD 40 гига...
A бе мизерија.
:)
Дефинитивно нема да го купат „чудово“ :)
"Чудото" е бесплатно. :)
Бесплатно?? Чудно „чудо“ :)
мене ми е симнато веќе еден месец и уште го немам инсталирано.....
ама се одлучив на персоналецот нема да го ставам туку на лаптопот...
иначе графички било многу подобрено.... :)
Фала на ЦД-то. Сакам да го пробам, да видам како ќе ми лежи :))au
Мах, openSuse e бољи.
Ух, новово Ubuntu го јаде openSuSE за доручек. Го инсталирав пред два дена, ќе пишам нешто повеќе деновиве.
Ми стигна сабајлево. :)
и јас го симнав али има и едно edubuntu тоа е подобро за студенти бидејки е по едукативно edu=едукација buntu=за сите бунту е афрички збор инаку :)
Post a Comment