May 25, 2007

Официјално: Lost Sucks

Третава сезона максимално ме напна. Во негативна смисла. Досадно, неинвентивно... Едвај чекав да видам како ќе заврши. Крајот беше најавуван како нешто невидено до сега, абе незнам, шокантно, у несвест ќе се паѓа... BULLSHIT!

(ПАЗИ: подолниот текст може да содржи спојлери)


Полош крај немам видено. Ебате, ко шпанска серија станаа. Кај ги усраа повеќето "мистерии" кои ги поставија првите две сезони, него и приказната забега во прилично досадна насока. Мислам, поларните мечки?! Две сезони се чудевме ко морони од кај/што како, па тоа стрипот на Волт... Ликот на Мајкл две сезони го градеа, и што? Бла, бла...

Веројатно и The Others планираа да ги фураат како што се појавија таму негде, крај на прва/почеток на втора сезона, и што? Wow, тајна организација.. ууу.. Го дрват, го дрват.. Зошто порано се облакаа ко некое примитивно племе, а имаат хај-тек опрема? Неможеа да смислат некој бољи плот околу тоа, па забегаа со "Ние Сме Тајна Организација И Самите Не Сме Сигурни Што Сакаме"? Ајде бе, бегај!

Цела трета сезона се вртеа во круг, а две сезони билдаа мистерии кои или ги баталија (што е со скршената статуа, црниот чад, татко му на Џек, гласовите што ги слушаа), или ги објаснија на дебилен и некреативен начин (мечките бе, да ти ебам, мечките!)...

Да, да.. може ќе објаснат, ама кога? 2017?

Супер им тргна. Имаа интересни ликови (зошто го убија Еко, бе, зошто?), интерсна приказна, добар заплет... онака, кога ги гледав првите две сезони, викам, фак, совршена серија. Во третава сезона и бројкиве ги запоставија, и усраа све што создаваа претходните две сезони!

Како и повеќето луѓе што ги знам, третата сезона ја гледав ради реда. Онака, да видам дали воопшто нешто ќе се случи, или ќе продолжат да серат. Првите две сезони отворија еден куп прашања, а ни дел не се одговорени. Се удавија у сопствените гомна.

Крајот на трета сезона ме убеди дека ја од фебруари 2008, нема да гледам Lost. И онака на крај ќе испадне некоја тешка глупост. Ајде, да си признаеме - сите сакаме да заврши, и гледаме од што мораме. Стварно, не е веќе интересно... Lost изгуби од шмекот што го имаше на почетокот. Сега е глупава и досадна сапуница.

May 22, 2007

Нова серија: The Sarah Connor Chronicles

Пред неколку години се појави муабетот дека ќе се снима Terminator серија. Не обрнував многу внимание на ова, бидејќи бев убеден дека нема да се случи. Некое време подоцна, излегоа новости дека, ќе се снима серија, за дешавките на Сара и Џон Конор, помеѓу случувањата во вториот и третиот дел. Пак не верував... Делува(ше) како преголема глупост за да успее.

Прекинав да обрнувам внимание на ова, кога, ете ти ТРЕЈЛЕР!!! Се избезумив, тахикардија, почна да ми се лоши... излегов на воздух, запалив цигара. Се натерав себе да го гледам. Го гледав. Два пати. (хахахаха, каков драма лик - заб. автор, 2013)

Некој решил да се заебава? Како прво, ме интересира како преживеал типот што го правел кастингот. Второ, зошто е сеуште жив?

Покрај тоа, во трејлерот може да се види лоша глума, еден куп набилдани специјални ефекти, нови терминатори, тинејџ-терминатори од иднината во форма на згодни дунди, тотално скрнавење на легендарната “come with me if you want to live” реплика...

Како фан на Терминатор (а, и на Терминатор 2) од раѓање, сум длабоко навреден од бљувоштинава, и посакувам истата да не ја надмине пилот-епизодата. Серијава треба да се појави некаде оваа година, за што исто така искрено се надевам дека нема да се случи.
Клик тука за трејлер. Клик тука за други видеа од серијата.

May 14, 2007

Family Guy

Избегнував Family Guy со години, поради тоа што ужасно ме потсеќаше на The Simpsons. Имав малку гледано, но и не треба многу за да се заклучи дека е копија.

Како и да е, другаров некако ме убеди да седнам и убаво да ја изгледам првата сезона. Не ме бендиса многу, ја симнав втората сезона, па третата... ја изгледав и четвртата сезона. За чудо, цртаниов го бивало. И тоа е ептен. Третата сезона е најдобра. Иако критикуван, плукан и споредуван со The Simpsons и South Park, гледам дека си има голема база на фанови.

Ликот на Питер, главата на Грифин семејството, е директен рип-оф на Хомер, само што е многу поретардиран и глупав. Лоис е жената, типична американска домаќинка, и даааалеку подобра од Марџ во секоја смисла. Ја обожавам.

Семејството има три деца. Крис, дебил исто како татко му, и за среќа не се обиделе да направат аналоген лик на Барт. Мег е тинејџерка којашто никој не ја сака и е веројатно најслабиот главен лик од целата серија. Оргинални ликови се бебето Стуи и кучето Брајан. Стуи е интелегентно, злобно и садистичко копиле кое си го мрази семејството и често пати пробува да ја убие Лоис. Најдобриот лик во целата серија и еден од најдобрите ликови коишто се појавиле во ваков тип анимирани серии до сега. Но, во споредба со Картмен, изгледа инфериорно.

Брајан е кучето што зборува и е најпаметниот и најразмумниот член на фамилијата Грифин. Покрај главните членови, има и еден куп други забавни ликови кои не би ги набројувал сега.
Family Guy имаат интересен хумор, остри критики до она коешто смеетаат дека не чини во светот, без разлика дали се работи за политика, музика, филм или нешто друго. Од овој аспект, се некаде помеѓу The Simpsons и South Park, сепак генерално гледано послаби и од двете серии. Ќе видиме за понатака. The Simpsons очигледно е дека се истрошени, и можеби Family Guy би биле добрата замена.

May 8, 2007

Лоши филмски продолженија II: Д Сиквел

За првиот дел, клик тука.


6) Terminator 3: Rise of the Machines
Немаше никаква потреба од овој филм, но сепак, се обидоа да искешираат. Приказната беше досадна, ликот на Шварценегер тотално усран... За кастингот подобро да не почнувам. Терминатор без Линда Хамилтон? Ај донт тинк соу.

7) Halloween: RessurectioГолем фан сум на серијалов и ги сакам повеќето продолженија. Пред да го гледам овој, немав никаква претстава околу дејствието. Филмот си почна феноменално и прилично ветувачки, за после 15 минути да се претвори во најголемото ѓубре што сум го видел. Со ова, серијалот си стана пародија на себе.

8) 007: Die Another Day
Уживам во (скоро) сите 007 филмови. Во овој не. Премногу СФ како за Џејмс Бонд филм. Лош избор за Бонд девојка (Хали Бери, бе!). Исто така, стариот Кју недостасуваше. И, зошто Пирс Броснан на почетокот од филмот изгледа исто како што изгледаше во Робинзон Крусо? :)

продолжува... (пак!)

May 1, 2007

Седум нови Светски Чуда

На седми јули оваа година ќе бидат избрани Новите Седум Светски Чуда. Иницијативата е покрената уште пред неколку години од Швајцарската организација New World Open Corporation.

Во конкуренција има 21 кандидат, како на пример, Статуата на Слободата, Колосеумот во Рим, Стоунхенџ, Кинескиот Ѕид, Статуите од Велигденскиот Остров, Ајфеловата кула и уште некои други. Во конкуренција била и Големата Пирамидата во Гиза, но е отстранета поради тоа што веќе е на листата на старите светски чуда.

Гласањето се одвива и преку интернет, јас не гласав, нема ни да гласам, некако немам фаворит од новиве. Од старите, нормално, Големата Пирамида. :)

Штознам, од една страна сево ова е интересно, но од друга е голема глупост, мислам, кој кур.. што ќе ни се нови седум. И кога ќе изберат тие седум, тие другите што ќе бидат? Што е светско чудо, енивеј? :)

Како и да е, клик тука.