September 23, 2011

Почеток на новите сезони на Modern Family и The Office

Осмата сезона на The Office и третата на Modern Family, почнаа оваа недела. Ова се изгледа сите две хумористични серии што ќе ги следам редовно. Додуша, за првава и не сум многу сигурен. Спојлери надоле.

The Office ќе ја имаат првата сезона без Мајкл Скот. Минатата сезона беше многу поинтересна од таа пред неа, и покрај заминувањето на Стив Карел, успеаа да ја истераат одлично до самиот крај. Иако на крајот фалеше, неговото отсуство не се осеќаше толку многу, како во почетокот на новава сезона. Мајкл навистина фали и знам дека тоа ќе станува позабележително во секоја наредна епизода.

Џејмс Спејдер останува редовен во следните епизоди (веројатно и сезона), на местото на Кејти Бејтс како извршен директор на Sabre, но и колку да му е брилијатен ликот, некако не е доволно. А, на местото на Мајкл, доаѓа Енди. Се зборуваше многу за кој ќе седне во неговата фотеља, и продуцентите сепак се одлучиле за некој што публиката добро го познава, отколку за нов лик и актер. Ете, Спејдер нека се снаоѓа со таа улога. Епизодава беше просек, на моменти и исфорсирана и баш тоа ме плаши околу иднината на сезонава и воопшто целата серија. Верувам дека тимот што ги пишува епизодите се труди, но нешто сериозно не штима во The Office овојпат. Јебига.

Modern Family за среќа, си цепаат со темпото кое си го поставија во минате две, феноменални сезони. Серијава ја загледав уште додека одеше првата сезона, баш во период кога правев пауза од The Office. Стилот на нарација кај двете серии е сличен, па некој ќе каже дека главната инспирација е The Office, што е погрешно. Modern Family си носат посебна вредност, во целиот тој хумор речиси секогаш се обидуваат да вметнат некаква поука и лекција и развојот на ликовите има поинаков третман.

Во почетокот на третава сезона, се забележува огромен прогрес, особено кај помладите ликови. На пример, Лили почнува да зборува, со што станува комплетно нов лик. Иако беше очекувано, некако ми е тешко да се навикнам. Не е ни толку смешно колку што продуцентите се надевале дека ќе биде. Голем чекор е ова за серијата, се надевам дека знаат што прават понатаму. Во секој случај, ова ќе го следам редовно зошто е моментално најквалитетната хумористична серија која се прикажува.

No comments: