January 13, 2010

11 причини зошто Pidgin е подобар од Windows Live Messenger

Pidgin користам со години наназад, уште од времето кога се викаше GAIM и тврдам дека е најдобриот инстант месиџинг клиент кој се појавил досега. Далеку помоќен и позгоден избор од Windows Live Messenger, а еве и неколку причини зошто.

1. Pidgin има табови
Главната причина поради која почнав да го користам. Pidgin има табови кои се далеку попрактични од прозорците на Windows Live Messenger. Сите конверзации се во еден прозор, при што не доаѓа до преоптоварување на таскбарот.

2. Pidgin нема реклами
Со самото тоа што е бесплатен и open-source, Pidgin не ги малтретира корисниците со досадни и светкави реклами.

3. Pidgin има елегантен интерфејс
Минималност и едноставност. Далеку подобар изглед од шарениот Windows Live.

4. Pidgin е побрз
Бидејќи нема реклами и посебни прозорци за секоја нов чет, Pidgin функционира побрзо. Значи, користи многу помалку процесорски ресуси.

5. Pidgin е мулти-платформски софтвер
Pidgin функционира на повеќе оперативни системи. Windows, Linux и Mac OS X.

6. Pidgin има поддршка за 16 протоколи
MSN, Yahoo!, Google Talk, ICQ, IRC, MySpaceIM, AIM и многу други.

7. Pidgin поддржува повеќе акаунти
За еден, или повеќе протоколи може да се користат повеќе акаунти, сите со заедничка листа на контакти. Контактите може да се поделат во групи.

8. Со Pidgin може да се менуваат имињата на контактите
Незнам дали Windows Live ја имаат имплементирано оваа опција, но со Pidgin лесно може да ги сменам имињата контактите кои имаат глупи симболи и смајлија во никнејмот, или па ставаат цели реченици, па немора секој пат да отварам конверзација за да видам за кој од пријателите се работи.

9. Pidgin покажува кој те блокирал или те тргнал од контакти
Порано имаше и опција да видиш кој го затворил прозорот за чет.

10. Pidgin е побезбеден
Колкав е бројот на малициозен софтвер специјално наменет за Windows Live, а колкав за Pidgin?

11. Psychic mode
Pidgin го има најдобриот чет плагин. Кога контакт започнува конверзација со тебе, ти пишува "You feel a disturbance in the Force." Треба ли да кажам повеќе?

8 comments:

Љубиша said...

6. Pidgin има поддршка за 16 протоколи

Ова само default. Иначе активно си ги користам и Skype и Facebook :D

PIDGIN rulez!

Andrej said...

Ама Pidgin што нема аватари и топици?

Бојан Николов said...

Андреј, има и аватари и топици. :)

Ивана said...

Pidgin rulz! =D

Anonymous said...

Pickin користев порано, ама ме мрзи да го инсталирам пак :D
Мики.

Еден Дечко said...

Има и Win Live промена на имиња на контакти.

Иначе , се разбираме , и ја сум за Pidgin.

Гоце said...

Pidgin kicks LIVE Asses...али ја као верен OSXец користам Adium.....исто е како Pidgin, само има друго име :P

Rogi said...

Koristev Pidgin, ama go bataliv.
1.Se blokirase i dremese zamrzanat na desktop (na svezo formatirano PC)
2.Avatar i status ima, ama vo 90% od slucaevite lugeto od tvojata kontakt lista ne gi gledaat ili citaat
3.Cesto znae da gubi konekcija od MSN, a to a da ne e kako rezultat na nemanje internet ili problemi so samoto MSN
4.I WinLive ima tabovi, ako se instalira MessengerPlus plugin
5.Za potrosuvacka na resursi se slozuvam, no toa e minorno vo denesno vreme koga 2gb, a se pocesto i 4gb e standard za nov kompjuter
6.Za virusite i ostali sranja na MSN isto se slozuvam ama toa se desava ako klikas na sekoj link, ko malo radoznalo detence :)

Na kraj se se sveduva na chat. Bilo sto e OK, spored mene samo Skype e edinstven profesionalen chat/call software.

Pozzz