September 20, 2009

Новата генерација гејмери

Видеово доволно кажува за тоа како новата генерација гејмери, помлади и од првиот PlayStation, како ги доживува 8-bit игрите на конзоли како Nintendo NES и старите аркади. Мислам дека нема потреба од коментар. Навистина е жалосно што децата денес никогаш нема да можат да ја осетат магијата која ја содржат овие стари игри.

Nerdballon го склопиле ова видео како дел од нивниот Project D кој одлично ја отсликува разликата помеѓу две генерации на гејмери. Еве како 11 годишен фан на Call of Duty и Halo 3 се чувствува после играње на култната Contra:



Во контекст, на ова, ќе линкам три постари текстови објавени на Crapwerk, поврзани со олд-скул гејминг:

3 comments:

Еден Дечко said...

Еј , ќе умрев коа кажа „It`s too hard“ :))))
Priceless!

Влатко said...

Еднаш порано, кога немав интернет и висев одвреме-навреме по интернет кафичи , платив за саат време однапред, сурфав нешто и ми останаа уште 15 минути. И шо да праам гледам имаат МАМЕ, уклучувам Мун ПАтрол почињам и едно дете што седеше до мене му вика на друго (играа ГТА мислам) -Ааааа види го што игра!!! Шо убаво си се изнасмеа :)
И ај сеа ти објасни му дека е многу инересна игра (поинтересна од новиве игри иако просто изгледа) и дека е првата што користела...како се викаше тоа, со позадиниве што се движат у играва....
А да ја свртев без изгубен живот тогаш :D

Стварно е жалосно тоа што нема да пораснат со "Рамбо" конзола, гемчиња' флипери' нинтендо'... за да знаат да ценат.

Бојан Николов said...

Тоа е тоа. Незнаат, пошо се им е на тацна сеа, од игри преку музика, филмови, све.

Не знаат шо се флипери, нинтендо, тетрис за у ќенеф или часопис, ништо.

Баш спремам нов пост на тема аркади, олд скул игрици и слично. :)