July 17, 2008

Нов дизајн на last.fm

Од пред неколку саата, last.fm е со нов дизајн, после речиси три години. Прво се изненадив, зошто памтам тогаш колку ми беше тешко да се навикнам. Еве, веќе некое време го разгледувам и се привикнувам. Делува малку хаотично на прв поглед, ама ќе се навикнам. Се надевам дека функционалноста ќе се подобри. Очигледно работат во моментот, споро е и тешко се пристапува до одредени делови од сајтот.

Визуелно е океј, особено ми е интересно она со омотите на албумите кои што сега изгледаат како да се во пластична кутија.

За неупатените, last.fm е сервис кој ги архивира песните кои поминуваат низ аудио плеерот на корисникот (поддржува Winamp, Windows Media Player, Amarok и уште некои други), креира топ-листи на најслушана музика, има можност за креирање плеј-листи, радио станици, кориснички групи, страници за бендови и издавачки куќи, итн. Јас сум корисник повеќе од три години и според статистиката, до овој момент сум ислушал 111,947 песни. :)

9 comments:

Neno said...

Да бре, и јас приметив прееска. Интересно изгледа но претходниот дизајн некако подобар ми изгледаше, онака минималистички. :)

Losteech said...

Неам јусер али планирам да си напраам наскоро. :D
Него, 111 илјади песни??! Ти спиеш со музика? =))

П.С. Глупо е што Блогерај не прифаќа Јаваскрипт, па нема да можат да видат шЧо слушам во моментот. Али...who cares!

Rogi said...

Личи поубаво. Ама решив да не се „замарамЌ со ова од една проста причина - Не сум единствен корисник на PCво, а се слуша све и свашта на него...да може да се реши овој „проблем“ со користење на различен медиа плеер, ама џабе кога не ми се флексибилни за промени по дома :D. Така да...за сега останува баталено.

Neno said...

Лост, не ти треба јава скрипт, имаш и html како втора опција. Ѕирни кај мене на блог, доле, и ќе видиш за што ти зборам.

Него Роги, и кај мене е исто, додуша мој е компјутеров но кај сестра ми доле нема интернет (1 година ја мрзи да си купи рутер, јебига) и често знае да си пушти музика додека сурфа, па морав и јас со пасворди, други плеери и сл.

Што знам, за сега ми е интересно, за понатака везе неам, може и ќе го избришам.
Рецимо, кога ќе стигнам до бројката од 100 илјади?
;)

Losteech said...

ОК.

Бојан Николов said...

Почна ептен да ме курчи новиов last.fm :S

Neno said...

Еј ќути, невидено срање чоече! Ич не е добро среден, организиран и прегледен како што беше пред да го усерат.
Пред малце барав нешто а бре целосно се изгубив.

Losteech said...

Ајде бе, ама е педерски софтверов 3/4 од песниве што ги пуштав ги нема. :@

Бојан Николов said...

Види дали имаш ID тагови. Веројатно ради тоа не ги регистрира.