February 13, 2008

Alien VS Random

Февруари секогаш ми бил најлош месец од годината. Денес го сфатив тоа. Лошо ми влијае на расположението и пробува да ми ги уништи креативните моменти. За среќа, брзо поминува.

Неделава, ако работите се одвиваат како овие два дена, ќе ја поминам работно, и со минимално слободно време, што некако и ме радува. Барем идеите што ми се во глава, ќе ги реализирам многу подобро откако ќе бидам слободен.

Како и да е. Најдов време да ја изгледам првата сезона на 24. Првата епизода ми беше досадна, ама се натерав некако да ја изгледам барем втората. Заклучок: Серијава е феноменална и предизвикува зависност. Се гледа брзо како Lost и Death Note.


Пробав дури и Alien VS Predator: Requiem да го гледам. Океј, секогаш ќе ми биде забавно да гледам Ксеноморфи или Предатори. Секогаш. Дури ако направат Alien VS American Pie, или Pee Wee Herman VS Predator. Искрено, нема да ме зачуди ова. АVP двојката изгледа како да убациле сцени со Ксеноморфи (Осми Путник, ебате) и Предатори во тинејџерска комедија/семејна драма. Како да гледав четири различни филмови во исто време. Нормално, ги мотав сцените без Ксеноморфите/Предаторите.

Не ми е јасно што луѓе инвестираат во вакви филмови? И онака не им се враќаат парите, и не заработуваат колку што планирале. Толку ли може некој да напише асално сценарио за Alien 5 или Predator 3? Или, барем просечно за Alien VS Predator, како во првиот дел, кој и не беше волку тапа.

Кога веќе чепнав неколку различни теми, еве, да покажам среден прст на мојот интернет провајдер (МтНе - за прекрасните услуги викендов), на македонските националисти и нивните смешни идеи околу спорот со Грција, на учителката и цело 2-б одделение, на фригидните искомплексирани кучки горе од студентски прашања (доаѓам по документите, пазете се!), и не знам... на Џеј Џеј Абрамс? Ете, се испукав. Се осеќав како тинејџерка со ПМС. :)

Поздрав до Blogger.com! Ќе почнам да ве рекламирам како македонски пеач што рекламира Скопско у спот! Сериозно ова...

9 comments:

Ивана said...

Дали случајно спомна дека "Lost" брзо се гледа???!!!!!!!!!!!!!!

Бојан Николов said...

Oh, well... Со брат ми ги изгледавме првите две сезони за една недела. :)

XXX-->Ivan<--XXX said...

Е да бе, не ви чини Мт.нетот сеа! Ај префрли се на Он.нет па ќе збориме кој е посрање. :)

Bi said...

Death Note!
Најдов уште некој на блогосферава што го обожава дет ноут! Yay! :)
Закон серија (и мангата и анимето), криво ми е шо заврши.

Бојан Николов said...

Bi, а филмовите ги гледаше? Јас сеуште не, некако ми е страв да не си го нарушам впечатокот, иако знам дека нема. :)

Месецов излезе и третиот филм (spin-off e), "L: Change the World."

Neno said...

Супер е "24". И јас од 2-рата епизода го сменив комплетно мислењето. Но, планирам да ја гледам понатака, сега за да ја набавам на DVD немам време a TV ретко уклучувам.

Bi said...

agrxwqНе не сум ги гледала уште. Гледав инсерти и не ми се допадна многу како глумат дечките, а типот што го глуми Раито воопшто не ме потсеќа на него. Додуша Л изгледа оригинал, а бидејќи знам дека во филмот Л нема да умре исто како во анимето сакам да го гледам. Еден пријател го симна едниот, ама не можел да го најде и другиот, јас досега не сум го побарала се загледав други работи. Bleach стандардно, иако веќе ептен станува тапа, Serial experimants Lain го догледав, а samurai Champloo ми е на чекање. Нa јутјуб налетав на Wolf's rain и ми изгледа интересно, најдов торент па сега тоа ќе го спуштам, а во меѓувреме си гледам долгометражни на пример вчера симнав едно супер аниме Девојчето што скокна низ времето http://www.animenewsnetwork.com/encyclopedia/anime.php?id=6733, а моментално го симнувам Tekkonkinkreet кој го добил годинешниот јапонски оскар за анимација. Исто ме чека евангелион, блад и слично :)
А 24, ја гледав петта сезона лани и беше многу заразна ама и напорна и ту мач, со еден збор ми беше доволно. :)
Ми кажуваа дека како иделе сезоните биле се по хард кор, јас директно отидов на таа што во моментот беше најхардкор и добив овердоуз од 24 :)

Бојан Николов said...

Да, Раито е утнат во филмовите, а и Амане Миса. Кога сме веќе кај аниме, ти препорачувам Ergo Proxy да гледаш, ако немаш гледно. :)

24 сум до пола од втора сезона, а се спремам да ја симнам и трета.

дардан said...

бојан николов = кретен