December 5, 2007

Краток (и јасен) преглед на Ubuntu 7.10

После неколку дена на Ubuntu 7.10, заљубен сум тотално во него. Прекрасно изгледа, комплетно е фукнционално и прави openSuSE да се осеќа ко Internet Explorer. :)

Иако е рано за заклучоци, ќе кажам дека Ubuntu 7.10 е моментално најдобриот оперативен систем, и сигурно најдобрата Linux дистрибуција. Океј, немам многу искуство со Linux, но како нешто повеќе од почетник, си земам за право да го кажам ова.

Инсталацијата на системот е лесна, дури полесна и од онаа на openSuSE. Ептен позитивно ми изненади инсталацијата од Live CD-то. Кој друг оперативен систем ти овозможува да го чепкаш додека се инсталира? Додека траеше инсталацијата, можев слободно да сурфам и да правам други основни работи.

Следуваше инсталирањето на програми. Поедноставно е дури и од Windows, благодарение на Synaptic со само еден клик може да се инсталираат саканите програми.

Моментално, се ми функционира. Барем тоа што ми треба. За некои работи, признавам, се испотив додека ги средам, ама тоа било до мене, а не до Ubuntu. :)

Единствено што ми фали, и поради што сеуште Windows XP е на друга партција, се програмите за аудио продукција, кој ќе се обидам да ги емулирам некако и тука да ги пушта. Photoshop исто недостасува, ама ќе пробам да го работам GIMP. За игри, и немам баш време.

Тоа е тоа. Ете и скриншот од моменталниот десктоп. Ќе гледам да пишам и нешто повеќе за Ubuntu, само да навлезам малку повеќе. :)

Најпосетувани веб-сајтови за изминативе неколку дена:

http://www.ubuntuforums.org
http://www.gnome-look.org

12 comments:

Ivana said...

Привлечно изглеа вака ептен,ми се свиѓа сината боја :)

Rogi said...

Хе хе, ова ме потсети на времето кога го купив PC-во пред околу 5 месеци. Ми го дадоа кукистето и си идам јас дома. Стискам копче и ми се уклуцува несто "чудно" што во тоа време ама ич не го разбирав...тоа да ти било Ubuntu.

Кога го глеам сеа вака средено, признавам дека е ТОП, али знам и дека тогаш одма напраив формат без уоште да се смарам со разбирање на "чудото". :)

Како и да е...ми се свига.. али неам време да сеа да уцам нов оперативе систем... може Windows е срање ама се навикнав :).

Пиши ти повеќе insight па може и ке се премислам :) за во иднина.

Поздрав и пардон на "постов" во цоментари :)

Neno said...

Ми се укочи на 81% :D
Ништо, нема шанси на гомново да го инсталирам, здравје кога ќе купам нов PC.
Важно научив како да не го сјебам хардот по втор пат.
:)

Бојан Николов said...

@Rogi

Си требал да го прочепкаш поубаво пред да го тргнеш. :)

@Neno

Како се укочи на 81%? Може си требал да почекаш повеќе? :) Или ЦД-то било лошо изрежано. Пробај пак.

Zlochko said...

Друже, ај да се мењаме:
Ти мене дај ми линк до тоа wallpaper-от од screenshot-от горе (ептен ме бендисува), а јас еве ќе ти дадам линк до GimpShop:
http://plasticbugs.com/?page_id=294

Инаку GimpShop е специјално направен за луѓе кои се навикнати на PhotoShop изгледот и кратенките што ги користи, а се префрлиле на Gimp. Значи: Gimp со Photoshop изглед. :)

Бојан Николов said...

Zlochko, повели линк. :)

Фала и на тебе за линкот. :)

Neno said...

не е фер. :(
Бара минимум 512 рам.

Zlochko said...

Благодарам за линкот и „иииик!“ за проблемот. Па со колку РАМ ти го тераш Убунтуто?

Бојан Николов said...

Минимум бара 384МБ РАМ. Кај мене супер работи со 512. :)

XXX-->Ivan<--XXX said...

Еј ова изгледа кул. :)

jovan said...

А која GTK тема ти е таа на скриншотот?

Бојан Николов said...

jovan, темата е Xenon.