October 7, 2007

Редизајн

Си играв малце со дизајнот на Crapwerk денеска. Резултатот е очигледен. Некако ми беше премногу светол пред тоа. Не е сеуште готов, ќе го сменам барем хедерот, деновиве кога ќе имам повеќе време.

Додадов и нови секции за линкови. Попрегледно ми е да си ги имам линковите во посебни категории, еве, за почеток одвоени се линковите за стрипови, а и линковите поврзани со компјутери. :) Не се целосни, ќе се трудам редовно да ги апдејтувам.

Тоа е тоа. Стеј тјунед.

12 comments:

NECRON said...

Пер кажи на кој начин си "играш" т.е. како го едитуваш, си спуштив супер темплејт пред месец време но не можам никако да го закачам- цело време ми вика ист error:
"Your template could not be parsed as it is not well-formed. Please make sure all XML elements are closed properly.
XML error message: The content of elements must consist of well-formed character data or markup."

:(
си играм, си играм но на крај ќе го степам!

ени кајнд оф хелп вил би вери а пришиејдет!
:)

*сакав да ти пратам меил но чим пиша баш во овој контекст, си викам ај тука.
:)

NECRON said...

т.е.
знам како но во овој случај кога ми се јавува тој error не знам зошто ми вика така, да не се работи за грешен таг ор самтинг, и да не знаеш како да се избегне?

Бојан Николов said...

Ти си пробал да едитираш некој од новите темплејти. Малце се сјебани тие, и бараат повеќе познавање.

Јас ги користам 'classic' темплејтите, и со нив немам проблем.

Најубаво кликни си на revert to classic template, и едитирај без такви проблеми го погоре. :)

Ваљда ти помогна ова. Ако ти треба некаква друга помош со HTML/CSS пиши. :)

Nils said...

dark, so dark...

NECRON said...

ОК, средив, фала. Малце мануелно се измачив код по код додека ги расчепкам и сфатам но се исплатеше. :)

Bunka said...

И јас едно време чепкав по ХТМЛ-то, но ме фати мрза...не мрза, туку сафра! :)

Зошто нема некој визуелен едитор сличен на NVU, а кој би можел да едитира темплејти од блогер. Дем ит!!! :)

Бојан Николов said...

Абе и Dreamweaver врши работа за Blogger темплејти.

XXX-->Ivan<--XXX said...

Од сите коментари најјасен ми е оној на Нилс...ах и да....зборувајте на македонски ко странец се осеќам коа ве читам :)

PS. Супер е дизајнот.

NECRON said...

Не ти треба визуелен едитор, моеш и вака но бара ептен трпеливост и прецизност.

Bunka said...

Нено, епа тоа овие денови ми фали, трпеливост и прецизност. :)

Ицко said...

@NECRON мислам дека си пробал да ставиш класик темплејт код на хмл нов блогер темплејт... глеј да е хмл за да може да биде компатибилно... а за она дека класик темплејтите се поарни - не се согласувам, мислам дека овие новите со поддршка на widgets се далеку полесни за едитирање.

ribaro said...

ubavo, a kopciwata kako si gi naredil... unikat :)