September 15, 2007

ObjectDock 1.9


Ретко се случува да налетам на некој добар и корисен програм за олеснување на работата на Виндоус. ObjectDock е мошне корисно програмче кое е сместено на десктопот и служи за организација на шорткати (имаме ли адекватен македонски збор за ова?!) до програми, фолдери и што и да е друго. Лесно се подесува по потребите на корисникот, така што може да ги ставите програмите и фолдерите кои највеќе ги користите. Автоматски доаѓаат My Computer, My Documents, My Music и My Pictures, а од програмите (default) интернет прелистувачот што го користите, плеерот за музика... Има и сопствен weather шорткат, на кој за жал, го нема Скопје (барем кај мене не успеа да проработи).

Изгледа прилично фино, а за него постојат и еден куп скинови, теми и други интересни додатоци. Практично програмче кое ја олеснува работата со Виндоус. Го има во две верзии, бесплатна и верзија што се плаќа. Штознам, 20$ не би дал за tray поддршка. Бесплатната верзија има се што е потребно за ObjectDock да ги задоволи потребите на корисникот. Го препорачувам програмчево на сите Виндоус корисници.

Клик тука за даунлоуд.

4 comments:

Ivana said...

Супер, стварно...ќе го симнам.

janko said...

Shortcut на македонски е кратенка

Бојан Николов said...

Кратенка некако лошо ми звучи. :)

GoodBytes said...

Многу преведени зборови лошо звучат на македонски. Се' е работа на навика или прифаќање од корисниците. Германците ги имаат најдобро „решено“ овие терминолошки проблеми, силно потпирајќи се на кованици. За неупатен можаби чудно звучи, но всушност Германскиот е „најтехничкиот“ и „најфилозофскиот“ јазик на светот, токму од таа причина. :-)