April 24, 2007

Хагар од Final Fight!

Го гледав Gojira: Fainaru uozu (анг. Godzilla: Final Wars) пред некое време. Филмот е супер, онака, ја обележува 50 годишнината на Годзила и све тоа... Треба да се погледне.

Ми падна во очи Don Frye, кој е во улога на американскиот капетан Гордон. Типот е ист како Mike Haggar од Final Fight играта! Ако некогаш се снима филм според Frye би требало да го глуми Haggar. Изгледа речиси исто како него.

Другата сличност помеѓу Haggar и Frye е тоа што Frye e професионален борач и учесник во Ultimate Fighting Championship, исто како Haggar во играта, само што Haggar не е во UFC.
Дури и тука некаде се во години, ако го земеме фактот дека Haggar во оргиналната Final Fight што сите ја знаеме, има 46 години. :)

No comments: